12 животни закони кои ќе ви ја откријат вистината за среќата и љубовта

Третиот Њутнов закон гласи: „За секоја акција постои еднаква и спротивна реакција“. Но, ова не се однесува само на физиката. Истото се случува и во нашиот секојдневен живот. Кога зборуваме или се однесуваме на некаков начин, како реакција предизвикуваме акција која ќе ни одговори на истиот начин. Ова се 12-те животни закони кои ќе ви помогнат да станете посреќни и посамоуверени…

12 животни закони кои ќе ви ја откријат вистината за среќата и љубовта

1. Закон на причини и последици

Што и да создадеме на овој универзум, ќе ни се врати со иста мера. Според тоа, доколку сакаме љубов, вистинско пријателство и среќа, прво треба да ги сакаме нашите блиски, да бидеме добри пријатели и да се стремиме кон тоа да ги направиме другите среќни.

2. Закон на создавање

Клучот за хармоничен внатрешен живот лежи во способноста да се биде независен од надворешниот свет. За да го постигнете ова, треба да бидете свои, но и да бидете во близина на луѓето и нештата што ви значат и што сакате да ги имате во животот.

3. Закон на потчинување

Не можеме да ја промениме ситуацијата додека не ја прифатиме. Доколку во сите луѓе гледаме непријател, тоа значи дека не сме насочени кон тоа да ја прифатиме повисоката форма на постоење.

4. Закон на развој

Нашата главна животна задача е да се менуваме и развиваме како личности. Не треба да се фокусираме на мнозинството луѓе кои ќе ги сретнеме, но нема вистински да ги запознаеме или пак да се грижиме за местото во кое живееме и технологијата што ја користиме. Животот и времето што ни се дадени се сѐ што имаме.

5. Закон на одговорност

Животот е како огледало. Кога нештата тргнуваат наопаку, тоа значи дека нешто не е во ред со нас самите однатре. Токму затоа, треба да преземеме одговорност за тоа, наместо да ја бараме вината кај другите луѓе.

6. Закон на поврзаност

Можеби ни се чини дека тоа што го правиме не дава никакви резултати, но важно е да продолжиме да дејствуваме, бидејќи сѐ што се случува во овој свет е меѓусебно поврзано. Првиот чекор не е поважен од последниот и обратно, затоа што и двата се неопходни за да се заврши задачата.

12 животни закони кои ќе ви ја откријат вистината за среќата и љубовта

7. Закон на концентрација

Не можете да размислувате за две нешта истовремено. Доколку трагате по нешто значајно, во вашата глава нема да има место за лутина или алчност.

8. Закон на прифаќање

Луѓето обично вистински го разбираат и прифаќаат само она што го практикуваат во реалноста. Доколку веруваме дека нешто е вистинито, но не сме подготвени да го докажеме, тоа значи дека ние располагаме само со мислење, а не со знаење.

9. Закон на „сега и тука“

Копањето по минатото и наметливите соништа за иднината ни го одвлекуваат вниманието од она што се случува во сегашноста. Старите начини на однесување, како и старите соништа, можат да ни го попречат патот кон нешто ново.

10. Закон на промена

Историјата ќе се повторува додека нѐ успееме да ја научиме нејзината лекција, која може да го промени нашиот животен пат. Не можете да ги донесувате истите одлуки, а да очекувате различни резултати.

11. Закон на трпение и награда

За секоја награда потребно е да се вложи многу труд. Вистинската животна среќа лежи во тоа неуморно да работите знаејќи дека порано или подоцна ќе ги постигнете вашите цели.

12. Закон на значење и инспирација

Го добиваме само она што го заслужуваме. Вредноста на нештата е еднаква со енергијата и упорноста што ќе ги вложиме обидувајќи се да ги постигнеме. Само луѓето кои сакаат да даваат, можат да добијат нешто посебно и инспиративно.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар