12 жешки трендови во светот на шминката што оваа зима го запалија Инстаграм

Ако не одите секој викенд на скијање или планинарење, зимата знае да биде прилично досадна. Зошто тогаш не би се бореле против досадата со испробување нови начини на шминкање? За вас одвоивме 12 највпечатливи трендови од Инстаграм, од многу суптилни до крајно впечатливи. Сепак, секоја од нив ќе внесе голема промена во вашата дневна рутина на шминкање. Кој најмногу ви се допаѓа?

1. Монохроматска шминка

(1) 12-zheshki-trendovi-vo-svetot-na-shminkata-koi-ovaa-zima-go-zapalija-instagram-www.kafepauza.mk

Монохроматскиот начин на шминкање значи дека бојата на вашата сенка за очи се поклопува со бојата на вашиот кармин. Боја на праска, слива, кафе, злато – можностите се скоро неограничени.

2. Точкест ајлајнер

(2) 12-zheshki-trendovi-vo-svetot-na-shminkata-koi-ovaa-zima-go-zapalija-instagram-www.kafepauza.mk

Ова е навистина едноставен тренд, но доволно суптилен за да не привлечете многу загрижени погледи. Едноставно нанесете многу точки со ајлајнерот по должина на горниот капак и подготвени сте за акција.

3. Руменило во форма на крема

(3) 12-zheshki-trendovi-vo-svetot-na-shminkata-koi-ovaa-zima-go-zapalija-instagram-www.kafepauza.mk

Секако, тврдото руменило е многу практично. Сепак, ако сакате поприроден изглед, испробајте руменило во форма на крема.

4. Жолта сенка

(4) 12-zheshki-trendovi-vo-svetot-na-shminkata-koi-ovaa-zima-go-zapalija-instagram-www.kafepauza.mk

Жолтата сенка за очи можеби звучи необично и диво, но таа изгледа многу убаво на вашите очи. Само потрудете се остатокот од вашата шминка да биде доволно суптилна, за да не изгледате премногу нападно.

5. Светкави очи

(5) 12-zheshki-trendovi-vo-svetot-na-shminkata-koi-ovaa-zima-go-zapalija-instagram-www.kafepauza.mk

Светкави усни? Не! Ние сепак ќе се одлучиме за светкави очи. Овој тренд подразбира малку сјај за очи нанесен на центарот на капакот. Резултатот е многу убав и суптилен.

6. Веѓи исчешлани нагоре

(6) 12-zheshki-trendovi-vo-svetot-na-shminkata-koi-ovaa-zima-go-zapalija-instagram-www.kafepauza.mk

Во 2017-та година веѓите беа совршено и прецизно обликувани. Во 2018-та година тие се малку подиви. Еден од трендовите кои значително се истакна е оној кој вклучува нагоре зачешлани веѓи. Само зачешлајте ги со чешелче за веѓи и нанесете гел за веѓи.

Преминете на следната страница за останатите трендови…


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар