12 трикови што ќе ви помогнат секогаш да изгледате аристократски и отмено во комбинациите со црна боја

Софистицираната и елегантната црна боја никогаш нема да излезе од мода. Иако некои дизајнери ги нарекуваат бежот, сивата и белата боја како „новата црна“, сепак секогаш се враќаме на незаменливата класична црна боја. Но, таа не е толку едноставна, односно мора да знаете како да ја носите. Затоа за вас собравме неколку правила кои ќе ви помогнат секогаш да изгледате занесно во црно.

1-12-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-sekogash-da-izgledate-aristokratski-i-otmeno-vo-kombinaciite-so-crna-boja-www.kafepauza.mk_

1. Нагласете ја црната со додатоци во боја

Додатоците во боја ви оставаат голем простор за креативност и ќе ја направат вашата црно-бела комбинација незаборавна. Шеширите, обувките, накитот и чантите во живи бои ќе изгледаат одлично на еднобојната црна подлога.

2-12-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-sekogash-da-izgledate-aristokratski-i-otmeno-vo-kombinaciite-so-crna-boja-www.kafepauza.mk_

2. Носете полабави парчиња облека

Факт е дека црната боја нè стеснува. Меѓутоа, доколку носите тесна облека за да изгледате послабо, сепак таа може да ги нагласи сите ваши недостатоци на телото. Црн фустан, панталони или јакна кои се со малку полабав, односно малку поширок крој ќе ја нагласат вашата одмереност и елеганција, бидејќи вие ќе се чувствувате поудобно, без вовлекување на стомакот и притисок од облеката.

3-12-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-sekogash-da-izgledate-aristokratski-i-otmeno-vo-kombinaciite-so-crna-boja-www.kafepauza.mk_

3. Различни ткаенини

Слободно поиграјте си со различните текстури и материјали за да изгледате фантастично. На пример, облечете памучни панталони со свилена блуза, кожно молив здолниште со сатенска кошула, или фин волнен џемпер. Црните лакирани чевли или чанти совршено ќе ги надополнат сите останати црни комбинации.

4-12-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-sekogash-da-izgledate-aristokratski-i-otmeno-vo-kombinaciite-so-crna-boja-www.kafepauza.mk_

4. Монохроматското е шик и веќе подолго време е во мода

Постои една одлична и супер едноставна комбинација од бои, која секогаш изгледа прекрасно: Црна и бела. Доколку имате црни и бели парчиња облека од квалитетен материјал во вашиот гардеробер, тогаш вие сте кралица.

6-12-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-sekogash-da-izgledate-aristokratski-i-otmeno-vo-kombinaciite-so-crna-boja-www.kafepauza.mk_

5. Изразена силуета и асиметрија

Црната е најдобра боја за создавање модерен асиметричен или графички изглед.

7-12-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-sekogash-da-izgledate-aristokratski-i-otmeno-vo-kombinaciite-so-crna-boja-www.kafepauza.mk_

6. Црната боја бара совршенство

Можеме слободно да кажеме дека ова е главното правило. Црната боја ќе ја нагласи лошата фризура, недостатокот на сон, или пак бледото лице без шминка. Доколку немате време да ја измиете косата или доколку здогледате мозолче во огледалото, тогаш изберете некои други бои, бидејќи тој ден нема да се чувствувате удобно, ниту самоуверено.

8-12-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-sekogash-da-izgledate-aristokratski-i-otmeno-vo-kombinaciite-so-crna-boja-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страница за останатите модни комбинации…

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар