12 совети за безбедност на жените кои патуваат сами

Дури и ако сте жена со огромна самодоверба, можно е да се почувствувате несигурно, особено кога патувате сами на непознато место. Ќе се чувствувате многу позаштитено доколку ги разберете потенцијалните закани и ако ги применувате овие совети.

12-soveti-za-bezbednost-za-zhenite-koi-patuvaat-sami-kafepauza.mk

Безбедност на состаноци и случувања на работното место

1. Избегнувајте да се среќавате со нови клиенти сами навечер или на непозната локација. Немојте да се плашите да предложите состанок во компанијата или во вашата канцеларија.

2. Дајте им предност на водата, кафето и сокот наместо на коктелите. Вашето внимание ќе биде подобро и ќе ви бие полесно да се заштитите.

3. Не им кажувајте на странци дека патувате сами поради работа. Ако некој ве праша, кажете им дека имате средба со некого или дека сте тука со колега.

Безбедност на социјалните мрежи

1. Исклучете ја опцијата за споделување на вашата локација. Ова ги спречува „натрапниците“ да ве следат преку социјалните мрежи.

2. Не објавувајте на социјалните мрежи дека не сте дома, ниту пак каде ќе одите. Не сакате некој крадец да дознае дека вашиот дом или вашата хотелска соба се празни.

Безбедност при патување

1. Оставете го скапиот накит дома и одберете облека со која нема да изгледате како турист. Истражете за местото кое го посетувате за да можете да ја почитувате тамошната култура и за да понесете соодветна облека.

2. Дајте му ги информациите за вашето патување на некој пријател. Контактирајте редовно со него за да знае дека сте безбедни.

3. Кога ќе стигнете во хотелот направете брза проверка на вашата соба. Затворете ги прозорците и вратите и осигурете се дека сите брави функционираат. Исто така немојте да ја отворате вратата на непознати.

4. Одредете ја вашата рута пред да го напуштите хотелот за да не изгледате изгубени или збунети. Наместо да вадите карта во јавност, дискретно искористете го вашиот телефон.

Безбедност во вашиот дом

1. Ако сте отсутни повеќе денови, замолете некој да ја собира вашата пошта. Ако вашите пратки се натрупаат, некој странец може да сфати дека нема никој во домот.

2. Инвестирајте во систем за безбедност кој ќе го поврзите со вашиот смартфон. На овој начин ќе знаете што се случува во домот дури и кога сте отсутни.

3. Ако често се враќате дома доцна навечер, инсталирајте мал систем за осветлување. Со ова ќе можете да ги контролирате светилките да светнат во одредено време. Ова ќе направи вашиот дом да изгледа како да има некој дури и кога е празен.

Погледнете и зошто никогаш да не објавувате фотографии од авионска карта.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар