12 растенија кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот

12 растенија кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот

Секој, без разлика што работи или какво е неговото семејство, се соочува со стрес во некои периоди од животот. И сите си имаат различен начин за справување со стресот: Некои луѓе вежбаат, некои наоѓаат утеха во храната, некои разговараат со пријателите и семејството, а некои пак, едноставно чекаат да помине.

(13)12-rastenija-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stresot-kafepauza.mk

Но, има еден навистина ефективен метод за ослободување од стрес – промена во растенијата кои ги јадете и со кои сте опкружени. Можеби изгледа премногу едноставно, но јадењето, мирисањето и садењето на одредени растенија може значително да го подобри вашето здравје. Погледнете за кои растенија станува збор.

1. Нане

(1)12-rastenija-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stresot-kafepauza.mk

Нането е одлично за намалување на стресот. Есенцијалното масло од нане е многу ефективно за намалување на главоболки. Тоа исто така може да ја намали фрустрацијата и да го зголеми вниманието.

2. Грашок

(2)12-rastenija-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stresot-kafepauza.mk

Кога јадете грашок, не само што внесувате големи количини железо и хранливи влакна, туку внесувате и многу фолати кои го намалуваат нивото на стрес. Намаленото ниво на фолати многу често се поврзува со депресија. Кога ќе се осигурите дека ги внесувате доволно, вашето расположение ќе се подобри и ќе можете да се справите со стресот и депресијата.

3. Камилица

(3)12-rastenija-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stresot-kafepauza.mk

Здравствените својства на камилицата се познати уште од древните времиња. Камилицата ги намалува симптомите кај луѓето со анксиозно нарушување. Таа исто така се користи и во борбата против несоницата. Кога ќе го добиете потребниот сон, вашето тело се одмара и нивото на стрес значително се намалува.

4. Шери домати

(4)12-rastenija-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stresot-kafepauza.mk

Доматите содржат многу од состојката ликопен. Бидејќи ликопенот се наоѓа во лушпата на доматот, шери доматите се подобри од обичните. Ликопенот е моќен антиоксиданс кој го контролира стресот во вашето тело.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар