12 проблеми на интровертите кои работат во заедничка канцеларија

12 проблеми на интровертите кои работат во заедничка канцеларија

Вие си ја сакате својата работа, но исто така знаете дека заради вашиот карактер понекогаш тешко се носите со фактот што не работите во одделна канцеларија, туку ја делите со други. Ова се некои потешкотии со кои се соочуваат интровертите кои ја делат канцеларијата со други колеги.

12 проблеми на интровертите кои работат во заедничка канцеларија

1. Преферирате да ручате сами

Надвор од канцеларија, без никој да ве прекинува, без да мора да ги слушате туѓите маки дури и за време на паузата за ручек. Иако знаете дека звучи злобно, вие понекогаш целосно ги одбегнувате колегите за време на ручек, па ќе одберете да ручате надвор и сами. Некогаш измислувате изговор за да го направите ова, но никогаш не би признале дека е така.

2. Кога колега/колешка ви се приближува веднаш чувствувате притисок

Ќе треба да разговарате, а што ако немате што да си кажете па во просторијата завладее онаа чудна тишина? Така, уште пред тој/таа да седне во ваша близина смислувате за што би можеле да разговарате доколку другата страна нема веќе смислена тема.

3. Едноставно не знаете кога да се појавите на работа

Ако дојдете пред 8, ќе оставите впечаток дека му се умилкувате на шефот, а ако дојдете после 8 оставате впечаток на неодговорна личност. А што е со паузата, кога би требало да се вратите од пауза, пред или после другите колеги? Некогаш сфаќате дека премногу размислувате за некои едноставни работи.

4. Го мразите звукот на ќесичката со чипс

Само што си отворивте чипс за да грицнете нешто и сфаќате дека ќесичката прави ужасна мала врева и привлекува внимание кон вас… исто како и грицкањето на чипсот. Одлично, сега ви се чини дека сите гледаат во вас.

5. Навистина ви е тешко да ја одредите соодветната положба на седење/стоење во канцеларија

Како да се поставите додека разговарате за да не им влегувате во приватниот простор на колегите, а како за да не испаднете далечни и незаинтересирани?

6. Некогаш ви се чини дека сите се интересираат за вашата приватност

Дали колегата на минување гледаше во вашиот монитор? Зошто колешката би се интересирала толку за вашето семејство? Навистина ви е непријатно да споделувате приватни моменти со другите, па не знаете како да им кажете без да испаднете вообразени снобови.

7. Тешко воспоставувате контакт со очи со другите во канцеларија

Дали да го/ја гледам директно во очи или малку да го оттргнам погледот? Супер, сега сигурно си мисли дека сум некаков чудак.

8. Некогаш ви е навистина непријатно

Бидејќи не знаете што да кажете, како да се однесувате, движите или да гестикулирате. Да, ова мало пријатно местенце за работа понекогаш ви создава многу грижи.

9. Мразите кога вашите колеги имаат премногу слободно време

Па така сите сакаат да зборуваат, а во тој разговор ќе мора да се вклучите, спротивно од вашата желба секој да си работи во тишина.

10. Вашите колеги неретко имаат погрешен впечаток за вас

На пример мислат дека сте вообразени или едноставно сте мамурни, па ги избегнувате сите во потрага по малку мир.

11. Сигурни сте дека не знаете да се смеете правилно

Добро, дали се насмеавте прегласно или повеќе звучеше како кучешко лаење? Ова е катастрофа, сега сите очекуваат да се надоврзете на шегата, а во суштина вие само се насмевате за да бидете пристојни, или за да изгледа дека уживате во разговорот.

12. Страшно сте им љубоморни на оние кои не мора да бидат во канцеларија

Дали некој има флексибилно работно време? Дали нечија работа вклучува активности вон канцеларија? Сè би дале да сте на негово/нејзино место.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар