12 прашања кои ќе ви помогнат да откриете дали сте во врска со вашата сродна душа

12 прашања кои ќе ви помогнат да откриете дали сте во врска со вашата сродна душа

Сте се почувствувале ли како отсекогаш да сте го познавале вашиот партнер? Со секоја нова насмевка, шепот или прегратка вие едноставно не можете да не помислите дека сте ја познавале оваа личност од претходно, од некое друго време, на некое друго место… Па, доколку сакате да откриете дали сте ја пронашле вашата сродна душа, поставете си ги следниве едноставни прашања…

12 прашања кои ќе ви помогнат да откриете дали сте во врска со вашата сродна душа

1. Дали личноста која ми се допаѓа има физички, емотивни, интелектуални квалитети и вредности кои ги посакувам?

2. Имаме ли заеднички цели, вредности и идеи?

3. Имаме ли меѓусебна доверба?

4. Дали се цениме еден со друг?

5. Дали си даваме доволно простор за автономија (самостојност, независност)?

6. Дали комуницираме на јасен и фер начин?

7. Успеваме ли да се договориме и тогаш кога нашите гледишта се различни?

8. Дали и двајцата чувствуваме дека сме поврзани?

9. Дали меѓусебно се почитуваме?

10. Се чувствувам ли прифатена онаква каква што сум?

11. Го/ја прифаќам ли и него/неа во целост?

12. Покрај тоа што сме љубовници, дали сме и пријатели?

Многу е важно да имате голема почит кон себе со цел да изградите добри меѓучовечки односи. Доколку не се сакате самите себеси, многу е тешко да успеете да сакате друга личност на здрав начин. Доколку се почитувате и знаете како да бидете сами, вие и ќе се поврзете со партнерот од љубов, а не затоа што имате потреба од него/неа. Исто така не треба да се обидувате да ги контролирате другите, да ги наметнувате вашите идеја и правила, туку едноставно опуштете се, бидете флексибилни и уживајте во животот.

Онаа личност која не се предава и која прави сè што е можно за да се промени кон подобро, но ги прифаќа во целост и оние работи врз кои нема влијание е токму онаа личност која не бара многу, но добива премногу. Оваа личност не е зависна од својот партнер, туку е со него или неа затоа што чувствува поврзаност необјаснива со зборови. Токму тоа и покажува дека сте ја нашле вашата сродна душа…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар