12 одлични начини да го зачините вашиот брак оваа есен

Лисјата почнаа да ја менуваат бојата, луѓето почнаа да ги вадат џемперите, времето станува постудено, а можеби дури сте слушнале и некоја божиќна песна. Знаете што значи ова – конечно пристигна есента! Ова е една од најромантичните сезони, па сега е совршено време да го зачините вашиот брак. А еве како да го направите тоа.

1. Направете некој нов есенски рецепт

(1)12-odlichni-nachini-da-go-zachinete-vashiot-brak-ovaa-esen-kafepauza.mk

На Интернет можете да пронајдете безброј есенски рецепти кои можете да ги пробате. Готвењето со вашиот партнер ќе ви биде неверојатно забавно, а можеби ќе откриете и ваш „семеен рецепт“ кој ќе им го кажувате на децата и внуците.

2. Посетете некое опседнато место

(2)12-odlichni-nachini-da-go-zachinete-vashiot-brak-ovaa-esen-kafepauza.mk

Секој град си има свои приказни за опседнати куќи. Па, во духот на Ноќта на вештерките, распрашајте се за легендите од вашиот град и посетете некое од овие места. Ова е одлична идеја за паровите кои сакаат да пробуваат нови работи.

3. Украсете го домот

(3)12-odlichni-nachini-da-go-zachinete-vashiot-brak-ovaa-esen-kafepauza.mk

Внесете ја есента во вашиот дом. Одете во некоја продавница и набавете „есенски“ украси, или пак искористете ги паднатите листови и направете нешто сами. Украсувањето е одличен начин да работите заедно и да се зближите како пар.

4. Направете филмски маратон

(4)12-odlichni-nachini-da-go-zachinete-vashiot-brak-ovaa-esen-kafepauza.mk

Зарем има нешто поубаво од тоа да се гушнете со вашиот партнер под некое ќебе, да пуштите некој страшен филм и да јадете пуканки додека надвор врне? Најверојатно не.

5. Одете на пазар

(5)12-odlichni-nachini-da-go-zachinete-vashiot-brak-ovaa-esen-kafepauza.mk

Вкусете ја есента! Ова годишно време е богато со овошје и зеленчук. Можете дури да се обидете да направите и зимница.

6. Направете тест за топло чоколадо

MSL23XP18

Топлото чоколадо им е омилен пијалак на повеќето во текот на зимата, па зошто да не го откриете совршениот рецепт на време? Експериментирајте со вкусовите и пронајдете го најдобриот.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар