12 очигледни вистини за животот кои никако не можеме да ги прифатиме

Реалноста е некогаш едноставно премногу. Во тие моменти решаваме да не живееме во неа за да не мора да се соочиме со оние ситуации и луѓе кои знаат да бидат болно директни и сурови. А некогаш е само многу полесно да бидеме слепи за она што е пред нашите очи, божем ако не го гледаме, тогаш не се случува.

Следниве 12 очигледни вистини се оние пред кои свесно решаваме да ги затвориме очите.

1. Проблемот со трката на стаорците е што дури и кога ќе победиш, повторно си стаорец.

(1)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mk

2. Разговорите се секогаш подобри кога ги водиме во нашата глава отколку кога ги водиме во реалноста.

(2)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mk

3. Сите сме подобри судии кога судиме за туѓите животи, но стануваме подобри адвокати кога се справуваме со сопствениот живот.

(3)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mk

4. Нема потреба да запишувам, ќе запомнам.

(4)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mk

5. Луѓето се преценуваат кога станува збор за што сѐ можат да завршат во еден ден, а се потценуваат кога станува збор за што сѐ може да направат во текот на целиот живот.

(5)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mk

6. Луѓето сакаат да видат дека живееш добро, но не подобро од нив.

(6)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mk

7. Загубата на еден човек е добивка за друг.

(7)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mk

8. Луѓето кои ве прават најсреќни можат и најмногу да ве натажат бидејќи кога се тие во прашање, вие сте најранливи.

(8)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mk

9. Луѓето го бираат оној пат кој им гарантира најголем успех за минимално потребно вложување напор.

(9)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mk

10. Ако зборуваш со Господ, тогаш си религиозен. Ако Господ ти зборува тебе, тогаш си психотичен.

(10)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mk

11. Колку повеќе сте зависни од пријателите за добро да се забавувате, толку сте поосамени длабоко во себе.

(11)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mk

12. Никој навистина не сака да бидете целосно свои. Секој сака да бидете личноста покрај која тие би сакале да бидат.

(12)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар