12 нешта кои мора да ги оставите зад себе ако сакате 2016 да ви биде најдобрата година досега

12 нешта кои мора да ги оставите зад себе ако сакате 2016 да ви биде најдобрата година досега

Поголемата продуктивност произлегува од помудриот начин за работа, кој не мора да значи и дека потежок, како и од доброто користење на времето во текот на денот. Иако не е секогаш лесно да се направат овие нешта, сепак доколку сакате да бидете среќни треба да најдете време да се ослободите од лошите навики. Со цел следнава година да ви биде најдобра и најуспешна досега, потребно е да ги оставите овие нешта зад себе…

12 нешта кои мора да ги оставите зад себе ако сакате 2016 да ви биде најдобрата година досега

1. Импулсивно пребарување на Интернет

Пристапот до Интернетот овозможува брз одговор на секое прашање кое ќе ви падне напамет. Но, најдобро е доколку се фокусирате на тоа што моментално го работите, така што ќе го запишете прашањето на страна и ќе го пребарате неговиот одговор подоцна.

2. Мултитаскинг

Постојат луѓе кои одлично ја совладале оваа способност, но според истражувањата само 2% од целата популација може ефективно да работи на повеќе нешта истовремено. За останатите, мултитаскингот е лоша навика која ја смалува концентрацијата и ја нарушува продуктивноста.

3. Константно проверување имејлови

Според истражувањата, се губат и до 25 минути од дневното работно време за проверување имејлови. Рон Фридман, советник за стратегија, ни препорачува да ги исклучиме сите нотификации за време на работата со цел да го задржиме фокусот што подолго.

4. Одложување на најважните нешта за подоцна

Обично денот се започнува со поедноставните задачи, додека потешките се туркаат за подоцна. Но, според истражувачите, сите ние имаме ограничена количина волја која во текот на денот се намалува, па затоа и најдобро е доколку се започнува со потешките нешта.

5. Премногу состаноци

Ништо не влијае негативно врз продуктивноста како непотребен состанок. Всушност, секаков вид комуникација е негативна во моментите кога се обидувате да работите. Користете ги состаноците само за важните прашања и секогаш одржувајте ги во 4 очи со цел да избегнете непотребно одвлекување на вниманието и мотивот за работа.

6. Целодневно седење

Обидете се следниот состанок да го одржите надвор од вашите работни простории. Излезете на воздух, напијте се кафе или прошетајте во најблискиот парк. Тоа е одличен начин да се опуштите додека истовремено продолжите со вашата работа.

7. Одложување на алармот

Утринското одложување на алармот ви овозможува малку време за дополнителен одмор, но оваа навика повеќе штети отколку што помага. Кога ќе се разбудите, ендокриниот систем создава кортизол со цел да ве подготви за денот. Кога повторно ќе задремете, вие го забавувате тој процес, па затоа и подоцна многу потешко ќе се расоните.

8. Неуспешно поставување приоритети

Некои сметаат дека многу цели значат и поголем успех, бидејќи ако едната идеја пропадне, ви остануваат другите на кои можете да се потпрете. Но, ова однесување може да биде непродуктивно. Сведете ја листата на најважните 5 задачи и фокусирајте се само на нив за побрзо да ги завршите и потоа преминете на нови 5.

9. Премногу планирање

Многу амбициозни и организирани луѓе се обидуваат да ја зголемат својата продуктивност со прецизно планирање на секој час во денот. За жал, нештата не секогаш одат по план, па доволно е само една неочекувана задача за да ве исфрли од баланс. Воведете флексибилност со цел да одржувате рамнотежа.

10. Премалку планирање

Стратегијата е најважната фаза во постигнувањето долготрајни цели. Одредете точно што сакате како конечен исход, а потоа смислете ги и првите чекори. На половина пат до остварувањето на целите можете да се свртите наназад и да проверите дали се движите во правилната насока.

11. Мобилен телефон покрај кревет

Сите уреди кои имаат „LED“ екрани рефлектираат сино светло, чие зрачење му штети на видот и го намалува производството на мелатонин, хормонот кој го регулира циклусот за спиење. Ниските нивоа мелатонин најчесто се забележуваат кај оние кои се склони на депресија. Токму затоа тргнете ги сите уреди од вашата спална соба.

12. Перфекционизам

Единствениот начин да го победите одложувањето е доколку го намалите вашиот перфекционизам. Грижата околу деталите на крајот се покажува како незначајна. Потребно е да ја ставите вашата задача на прво место и да го прифатите фактот дека е сосема во ред доколку малку погрешите. Којзнае, можеби токму тие грешки ќе ви помогнат побрзо да постигнете успех.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар