12 негативни мисли кои ве спречуваат да бидете среќни

Прочитајте ги овие 12 деструктивни начини на размислување, кои треба веднаш да ги избркате од вашиот мозок, бидејќи вашите денешни мисли се креатори на вашиот утрешен живот.

12 негативни мисли кои ве спречуваат да бидете среќни

1. „Моето минато ја навестува мојата иднина.“

Немојте да мислите дека вашите падови од минатото го индицираат вашиот иден потенцијал. Наместо тоа, на неуспесите гледајте како на составен дел од вашиот развој. Некоја ситуација не мора да заврши добро, а сепак може да биде едно од највредните искуства во вашиот живот. Кога доаѓаат тешки мигови, земете длабок воздух и имајте на ум дека најубавите работи во животот се случуваат кога најмалку ќе очекувате. Чувството на поразеност е моментално, но дигањето раце од нешто, ја прави таквата состојба перманентна.

2. „Се грижам за мислењето на другите луѓе.“

Морате да научите еднаш засекогаш да ги игнорирате луѓето кои зборуваат зад вашиот грб. Тие припаѓаат токму таму – ЗАД вашиот грб. Да се биде цврст, не значи дека секогаш треба да се вклучувате во борба за битката. Вашата вистинска цврстина ќе ја видите кога ќе препознаете кои луѓе влијаат лошо на вашиот живот и ќе си заминете од нив со главата крената гордо високо.

3. „Еден ден ќе го направам она коешто ме прави среќен/а.“

Користењето на зборот „некогаш“ во вашите мисли, значи дека вие и понатаму ќе се трудите да ги направите сите околу вас среќни, а вие ќе продолжите да се чувствувате мизерно. Имајте на ум дека денес сте најстари од кога било, а воедно и најмлади што некогаш ќе бидете. Звучи малку застрашувачки, но е вистина. Доколку сметате дека ќе постои некој совршен момент во вашиот живот, кога ќе можете да ги остварувате вашите желби и цели, бидете сигурни дека тој момент е само сега и денес!

12 негативни мисли кои ве спречуваат да бидете среќни

4. „Не можам да го сторам тоа. Прекасно е. Не сум доволно добар/а за тоа…“

Никогаш не знаеме кога ќе дојде крајот на нашето животно патување, но знаеме каде се наоѓаме денес. Затоа, сегашноста е вистинскиот момент да верувате во себе и во вашите вредности. Вашиот став кон работите, ќе има влијание врз идните искуства и нивниот позитивен или негативен крај. Немајте предрасуди. За ништо не е прекасно и вие секогаш можете да направите повеќе одошто мислите.

5. „Постојат многу нешта кои можат да тргнат на лошо.“

Престанете да се плашите од она што може да тргне на лош пат и почнете да размислувате за оние работи кои можат да тргнат во добра насока. Поточно кажано, фокусирајте се на сето она што е во моментот добро. Бидете среќни за секое раѓање на новото утро, за пријателите кои станале дел од вашето семејство и за изминатите соништа и цели кои постанале реалност. Употребете ги ваквите позитивни мисли за да го поттикнете уште поубавото „утре“.

6. „Никогаш нема да му/ѝ простам.“

Потребно е силно срце за вистински да сакате некого, но потребно е уште поцврсто за да продолжите да ја сакате истата личност откако таа ве повредила. Ако некој ве повреди, ја предаде вашата доверба или ви го скрши срцето, пронајдете начин да ѝ простите, бидејќи тоа искуство ви помогнало да научите нешто повеќе за довербата и значењето на тоа да се биде внимателен кога ќе решите некому да му се отворите со целата душа.

12 негативни мисли кои ве спречуваат да бидете среќни

7. „Не ми се допаѓа таа личност.“

Како што ќе растете ќе сфатите дека сте благословени што имате две раце: едната за да си помогнете себеси, а другата за да им помогнете на другите луѓе. Бидете човек кој е полн со разбирање и знае да им простува на луѓето за нивните ненамерни грешки. Бидете личност која ќе успее да го види најдоброто во луѓето и ќе ги направи посилни одошто биле пред да ве запознаат вам. Воедно, секогаш бидете внимателни во однос на тоа како им судите на другите луѓе. Не можете да изградите мислење за целокупното постоење на некоја личност, само поради некои ситуации во кои сте ја виделе и според кои сте ја „процениле“.

8. „Премногу сум несреќен/а, за да можам да усреќам некој друг.“

Среќата е како бумеранг. Секогаш кога ќе се забележите себеси дека се чувствувате несреќно, направете нешто ситно, со кое ќе усреќите некоја друга личност. Кога ќе видите дека таа личност се насмевнува, со сигурност ќе ви биде тешко да не се насмевнете и вие назад.

9. „Не можам да му верувам на никој.“

Честопати го затвораме срцето пред другите луѓе, не бидејќи мислиме дека сите луѓе на светот ќе нѐ напуштат, разочараат или ќе престанат да нѐ сакаат, туку затоа што не си веруваме себеси дека би ја преживеале болката, доколку тие стварно нѐ напуштат, разочараат или престанат да нѐ сакаат. Колку е само иронично тоа што, само преку страдање, човекот сфаќа колкава е неговата сила!? Запомнете дека исто како секое мало засадено семе, доколку сакате високо да пораснете и да се развиете, морате да поминете низ „сито и решето“, односно да ги преживеете мрачните мигови, да стоите цврсто додека дождот поројно ве врне и да се натерате себеси на борбеност, со цел полека, но сигурно да стигнете до светлината.

12 негативни мисли кои ве спречуваат да бидете среќни

10. „Сите други го прават тоа, па мора да е исправно.“

Живејте го СВОЈОТ живот и никогаш не кријте се од она што навистина сте. Застанете зад она во коешто верувате. Запрашајте се што ви велат другите луѓе кога чувствувате дека нешто не е во ред. Доколку ја следите толпата, нема да отидете подалеку од неа. Но, доколку зачекорите сами, ја следите вашата интуиција и го исцртате сопствениот пат, ќе видите дека сте стигнале подалеку од кој било друг.

11. „Никогаш нема да биде подобро од денес/Не може да биде полошо од ова.“

Кога животот станува груб со вас, сетете се дека нема секогаш да се чувствувате вака. Затоа, живејте го животот ден за ден. Кога животот ви се движи во одлична насока, исто така запаметете дека нема секогаш да остане така. Затоа, ценете го секој момент додека трае.

12. „Немам време за да сонувам.“

Вистинската трагедија во животот не се однесува на нереализирање на вашиот сон, туку на немањето сон воопшто. Посветете се себеси на некоја идеја и верувајте во неа. Следете го вашиот инстинкт. Надминете го вашиот страв. Борете се со него. Направете сѐ што е во ваша моќ за да ја остварите вашата цел. И за крај, запаметете дека не мора да го видите целиот пат кон успехот одеднаш. Доволно е да искачувате едно по едно скалило.

12 негативни мисли кои ве спречуваат да бидете среќни

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. LaFea Reply

    “го затвораме срцето пред другите луѓе, не бидејќи мислиме дека сите луѓе на светот ќе нѐ напуштат, разочараат или ќе престанат да нѐ сакаат, туку затоа што не си веруваме себеси дека би ја преживеале болката, доколку тие стварно нѐ напуштат, разочараат или престанат да нѐ сакаат.”
    Напротив! Затоа што се сакаме и почитуваме себе си и не сакаме да се изложуваме на потенцијална болка.

Остави коментар