12 навики кои загарантирано ќе ја поттикнат вашата креативност

12 навики кои загарантирано ќе ја поттикнат вашата креативност

Креативноста е задолжителна карактеристика на сите успешни личности. Еве како да ја поттикнете вашата креативност, станувајќи незапирливи и најдобри во она што го работите.

12 навики кои загарантирано ќе ја поттикнат вашата креативност

1. Читајте книги колку што можете почесто

Покрај многуте придобивки, читањето ја поттикнува вашата креативност, ја оживува вашата имагинација и помага да се родат нови идеи.

2. Следете мотивациони говори

Мотивациските говори и семинари, како TED, ќе ви дадат многу нови идеи, ќе ве натераат добро да размислите за одредени теми, да се запрашате кои се вашите мотиви и ќе ви помогнат вашите цели да ги направите остварливи.

3. Цртајте разни форми без конкретна идеја

Дали имате навика да чкртате на лист хартија додека разговарате на телефон, читате или размислувате? Цртањето разни форми без конкретна идеја и намера, ја поттикнува вашата креативност. Плус, никогаш не знаете каде ќе ве однесе почетната точка и што ќе создадете на крај.

4. Патувајте

Патувањето секогаш помага во проширувањето на хоризонтите, ги отвора нашите мисли и ги проширува нашите гледишта. Новите искуства и кршењето на секојдневната рутина е корисно и ја поттикнува креативноста.

12 навики кои загарантирано ќе ја поттикнат вашата креативност

5. Одберете јавен превоз

Иако сите знаеме дека јавниот превоз може да биде лошо искуство, има и позитивни страни. Користејќи го јавниот превоз, имате можност да набљудувате различни личности и карактери, начини на живот и на однесување, што може да ве поттикне да размислувате за другите луѓе и да бидете инспирирани од случувањата околу вас. Јавниот превоз ви овозможува едно интересно искуство и ја поттикнува вашата креативност бидејќи никогаш не знаете кога ќе бидете инспирирани да напишете приказна за некој лик кој сте го сретнале.

6. Одете на мирни прошетки

Ништо не може повеќе да ве опушти и да ви ги ослободи мислите од мирната прошетка во парк, покрај река или езеро. Препуштете им се на звуците од природата и ослободете се од она што ви ги оптоварува мислите.

7. Одберете ново хоби

Со изборот на ново хоби вие се предизвикувате себеси изложувајќи се на нешто ново. Секој нов предизвик е добредојден бидејќи ве унапредува како личности. Не само што ќе донесе возбуда во вашиот живот, туку ќе ви помогне да ги раширите видиците и да запознаете нови луѓе.

12 навики кои загарантирано ќе ја поттикнат вашата креативност

8. Пробувајте нови вкусови

Секој од нас има омилени вкусови на кафе или сладолед, на пример, но што ако се осмелите да пробате нови вкусови? Креативните личности се секогаш отворени на нови можности и се предизвикани од разновидноста на светот.

9. Бидете свесни за сегашноста и достапни за нови искуства

Бидете свесни за сегашниот момент, ослободете се од тешките мисли и бидете отворени за нови искуства и познанства.

10. Минувајте доста време во природа

Секогаш кога имате време и можност избегајте од вашето место на живеење и заминете во природа. Апсорбирајте го сонцето, дрвјата, водата, звуците и дајте си оддишка.

11. Слушајте музика

Звукот на музиката пријатно влијае на вашите мисли. Новата музика ви помага да се поврзете со сегашноста, додека пак старата ви враќа добри спомени и предизвикува пријатни чувства.

12. Правете го она во што сте добри

Заборавете што другите ви велат, не дозволувајте некој друг да ви покажува каде треба да одите, бидете сами креатори на својата судбина. Правете го она во кое сте добри и трудете се со секој нов ден да станувате сè подобри. Преземајте ризици и не плашете се од пречките на патот. Доколку сте добри во креирање музика, фотографирање, пишување, готвење… следете ја вашата страст и едноставно уживајте!

12 навики кои загарантирано ќе ја поттикнат вашата креативност


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Maja Reply

    <3

Напиши одговор на Maja Откажи одговор