12 момци ги откриваат најромантичните љубовни состаноци што некогаш ги испланирале

12 момци ги откриваат најромантичните љубовни состаноци што некогаш ги испланирале

Најчесто, љубовните состаноци почнуваат со следниов разговор: „Што сакаш да правиме?“, „Не знам, тебе што ти се прави?“. После ова, целата магија на моментот се губи поради неодлучноста и непријатната тишина. Па, како размислуваат мажите кога станува збор за романтичните љубовни состаноци? Следниве 12 момци откриваат како ги изненадиле нивните сакани на тој начин што им приредиле волшебна и незаборавна ноќ…

12 момци ги откриваат најромантичните љубовни состаноци што некогаш ги испланирале

1. Бакнеж во музеј

„Нашиот прв бакнеж беше многу романтичен иако не започна така. Сакав да ја бакнам додека разгледувавме облека во еден бутик, но таа ми кажа дека сака да се случи тоа на некое поромантично место. Потоа, поминавме неколку часа разговарајќи на секоја можна тема. Се возевме наоколу и откако го згрешивме патот, завршивме пред еден музеј за Берлинскиот ѕид и излеговме надвор. Повторно се обидов да ја бакнам и ми успеа! Откако се бакнувавме неколку секунди, го привлековме вниманието на чуварите кои нѐ избркаа. Нашиот прв бакнеж се случи покрај Берлинскиот ѕид заедно со чуварите кои нѐ осветлуваа со нивните батерии и ни велеа да си одиме.“

2. Поглед кон зајдисонце

„Отидовме на дегустација на вино, се поднапивме, ѝ го купив нејзиното омилено шише вино, вечеравме во нејзиното омилено место и го гледавме зајдисонцето на ридот. Потоа се шетавме на полна месечина и отидовме кај неа дома за да го допиеме сето тоа што го купивме.“

3. Расипан автомобил

„Нашиот прв љубовен состанок немаше крај и можеше да заврши многу лошо, но истовремено беше и многу романтичен. Сакав да ја однесам во ресторан, но не резервирав. По долгото пешачење во трговски центар, дознавме дека бил затворен поради празнична прослава. Ја однесов во виетнамски ресторан и толку многу се занесовме што не забележавме дека ресторанот беше празен, а ние бевме опкружени со уморни Виетнамци кои чекаа да ја платам сметката и да си одиме. Потоа, се вративме во мојот автомобил кој не сакаше да запали, па трчавме до автобуската станица за да го фатиме последниот автобус до местото каде што нејзиниот автомобил беше паркиран. За среќа, стигнавме, таа ме однесе до дома и потоа имав изговор да ѝ се јавам наредното утро за да ми го поправи автомобилот.“

4. Роденденско запросување

„На девојка ми ѝ беше роденден и планирав да ја однесам на опуштен пикник. Знаев дека ќе ја запросам, но не сакав тоа да биде обично. Нарачав огромна торта на два ката во форма на срце, на којашто наместо „Среќен роденден“, пишуваше „Ќе се омажиш ли за мене?“. Скришум ја однесов тортата во собата, го наместив приватниот пикник и запалив свеќи. Јадевме, пиевме и се смеевме со часови. Потоа, ја прашав дали сака да ги дувне свеќите од роденденската торта, но таа ми кажа да почекам бидејќи била прејадена. Никогаш не сум прашувал некого толку многу дали сака торта! По неколку часа, таа конечно се согласи, ги запалив свеќичките на тортата и ги изгаснав светлата. Мораше да застане на прсти за да види што пишува на тортата, но кога конечно виде, ме најде, а јас целиот треперев и плачев, клечејќи на колено со прстен во рака. Секако дека кажа ’Да’!“

12 момци ги откриваат најромантичните љубовни состаноци што некогаш ги испланирале

5. Колиба во шума

„Изнајмив колиба од 1950-та година, скриена длабоко во шума, во близина на река, со разгорен камин и топла бања, додека надвор снегот полека паѓаше.“

6. Запросување пред пирамиди

„Организирав запросување пред големите пирамиди во Гиза. Ова го планирав повеќе од една година. На Нова година ѝ ветив дека тоа ќе ѝ биде најубавата година. Испланиравме патување од нашите соништа во Египет. Се разбудивме во Каиро првиот ден откако пристигнавме по патувањето што траеше цела недела. Изнајмив црн автомобил што нѐ однесе точно до пирамидите во Гиза. Ја разгледавме Големата пирамида и застанавме за да му се восхитуваме на пејзажот. Надвор од третата пирамида ѝ кажав колку ја сакам и дека планирам засекогаш да патувам околу светот со неа. Тогаш клекнав на колено. Останатите денови истражувавме наоколу и имавме прекрасна вечера со шампањ за да прославиме.“

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар