12 лоши одлуки што несвесно ги носиме секој ден

12 лоши одлуки што несвесно ги носиме секој ден

Дури и најинтелигентните луѓе често грешат и прават ужасни избори во текот на денот. Тоа не е последица на размислување и доаѓање до погрешен одговор, затоа што во вакви ситуации, воопшто не ни размислуваме. Станува збор за несвесни грешки кои секојдневно ги правиме и поради тоа често паѓаме во замка на своите одлуки. Во продолжение следуваат 12-те најчести…

12 лоши одлуки што несвесно ги носиме секој ден

1. Започнување со најлесните задачи

Златно правило: Направете го најтешкото што порано. Така ќе имате повеќе време да ги проверите, воочите и поправите евентуалните грешки. Вашата концентрација и желба за работа опаѓа во текот на денот, па нема да можете целосно да се посветите на тешката задача доколку потрошите голем дел од енергијата на она што знаете дека лесно ќе го завршите.

2. Постојано проверување на електронската пошта

Зададете си одреден временски интервал во кој ќе го проверувате имејлот или правете го тоа пред да преминете на следната задача. Кога работите на нешто важно, сконцентрирајте се само на тоа, дури и исклучете ги известувањата од вашето електронско сандаче ако е потребно. Исклучок од ова правило е само ако преку имејл се бара од вас итно да се заврши приоритетна обврска.

3. Вашиот мобилен телефон е на работното биро

Присуството на нашиот омилен уред веднаш до нас може постојано да ни го одвлекува вниманието, а воопшто да не сме свесни за тоа. Затоа, добро е да остане во чанта, во џебот од палтото, па дури и да биде исклучен (доколку работата не бара постојана комуникација преку телефон). Во некои компании на вработените не им е дозволено користење на мобилните телефони за време на работата, па тие дури и обезбедиле специјални шкафчиња каде што работниците ги чуваат своите лични предмети.

12 лоши одлуки што несвесно ги носиме секој ден

4. Седење во текот на целото работно време

Канцелариската работа не е најидеална кога е во прашање правилното држење на телото. Затоа се потребни чести кратки паузи во текот на работното време за да може телото да се исправи, да се раздвижи, а со тоа и да се разбистрат мислите. Искористете ги тие 30-60 минути пауза кои ви следуваат за да се раздвижите, затоа што еден ден ќе си бидете благодарни што сте го направиле тоа.

5. Гледање во екрани со часови

Излеговте на пауза од пред компјутер и веднаш го земавте мобилниот телефон во рака? Континуираното гледање во екран може да предизвика сувост на окото и замаглен вид, што резултира со зачестено трепкање. Затоа, на секои 20 минути погледнете во нешто што е далеку од вас и задржете го погледот барем 20-тина секунди. Потоа вратете се на работата. Одмарајте ги очите често, за да го зачувате видот.

6. Чекање до крај на работно време за да одморите од работа

Паузите во текот на работното време постојат за да не се преморуваме и за да можеме да се освежиме во тој период. Во спротивно, ризикуваме да „прегрееме“ и со тоа да ни се намали ефективноста, што може да резултира и со грешки. Намалената енергија може да доведе и до намалена мотивација. Оддалечете се од бирото и одморете.

12 лоши одлуки што несвесно ги носиме секој ден

7. Слушање музика за време на работа

Можеби ви се чини дека музиката ве прави попродуктивни и пофокусирани, но вистината е дека концентрацијата паѓа, особено ако е прегласна или ако ја слушате на слушалки. Ова не важи ако задачите се повторуваат и се монотони, бидејќи во тој случај музиката дури е и корисна за полесно да поминете низ рутината.

8. Избирање производи кои личат дека се хранливи, а всушност не се

Соковите во шише, житните плочки и шејковите имаат калории што ќе ве заситат и брзо ќе ви ја подигнат енергијата, но исто така се и преполни со шеќери кои воопшто не се корисни за вас. Изберете да грицкате јатки или бесшеќерно суво овошје, а за ручекот јадете нешто што е навистина хранливо.

9. Пасивен преглед на социјалните мрежи

Најпрво, секое површно прегледување на социјалните мрежи ја одзема концентрацијата. Потоа, фотографии од нашите пријатели кои патуваат, излегуваат и уживаат во време кога ние работиме за да преживееме, може да предизвика прикриена завист. Затоа, подобро е доколку веќе се вклучувате, активно да го користите Фејсбук со по некој лајк, коментар или порака до драга личност, да објавите нешто на Твитер и да „срцнете“ нови фотографии на Инстаграм. Тоа е подобро отколку пасивно да ја вртите листата и само да читате и да гледате што се случува.

10. Останување будни до доцна во ноќта (или до раните утрински часови)

Седнавте да гледате една епизода, а всушност веќе сте на четвртата и притоа изедовте чипс и испивте газиран сок? Одложувањето на легнувањето во кревет освен што е глупаво, може да биде и штетно. Константната ненаспаност може да биде опасна колку и пушењето цигари. Затоа, вечерва исклучете ги телевизорот и компјутерот, намалете го осветлувањето на мобилниот телефон и наредниот ден разбудете се одморени.

Дознајте и како стратешки да пиете кафе за да ја подобрите продуктивноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар