12 јасни знаци дека таа е луда по вас

Знаеме дека понекогаш „Не“ значи „Да“, но понекогаш тоа навистина значи „Не“, или пак „Можеби“. Жените навистина знаат да ги збунат мажите. Сепак, за најдобро да ги разберете, обрнувајте внимание на невербалните знаци кои ви ги испраќаат. Овие знаци потврдуваат дали некоја девојка е навистина луда по вас.

1. Зениците ѝ се зголемуваат секогаш кога ќе ве види

(1)12-jasni-znaci-deka-taa-e-luda-po-vas-kafepauza.mk

Контактот со очите влијае на производството на окситоцин. Овој хормон ни помага да се чувствуваме како да сме поврзани со некоја личност. Поради ова, кога некој ни се допаѓа секогаш го гледаме во очи.

  • Кога ќе ви се сретнат погледите, девојката срамежливо ќе го тргне нејзиниот. Ако таа не е заинтересирана за вас, нема да го направи ова.
  • Нејзините зеници ќе се прошират секој пат кога разговара со вас. Иако е тешко да се забележи, ова правило важи за сите дами.

2. Позицијата на нејзините нозе

(2)12-jasni-znaci-deka-taa-e-luda-po-vas-kafepauza.mk

  • Испружените нозе и прекрстените глуждови се знак за недоверба. Ако девојката се чувства удобно и е заинтересирана за вас, никогаш нема да ги вкрсти глуждовите.
  • Ако нозете ѝ се вкрстени, обрнете внимание на нејзините стапала. Врвот на нејзините чевли е како компас. Ако се насочени кон вас, ова веројатно значи дека ѝ се допаѓате и би сакала подобро да ве запознае.

3. Се обидува да седне до вас

(3012-jasni-znaci-deka-taa-e-luda-po-vas-kafepauza.mk

Кога двајца се во една просторија, растојанието помеѓу нив може многу да ви каже за нивната врска.

  • Ако ѝ се допаѓате, ќе се обиде да седне поблизу до вас, дури и ако е срамежлива.
  • Најдобриот начин да откриете дали ѝ се допаѓате е да влезете во нејзиниот „личен простор“. Ако се потргне, тоа е лош знак. Но ако си остане на место, сигурно ѝ се допаѓате.

4. Грбот ѝ е исправен и ги покажува градите

(4)12-jasni-znaci-deka-taa-e-luda-po-vas-kafepauza.mk

Ако некоја девојка сака да ви го привлече вниманието, таа ќе го исправи грбот, ќе ги истакне градите и ќе го собере стомакот. Ова ќе ви биде тешко да го игнорирате.

5. Позицијата на нејзиниот палец

(5)12-jasni-znaci-deka-taa-e-luda-po-vas-kafepauza.mk

Овој гест го користат мажите кога ги ставаат палците во џебот. Но, го применуваат и девојките, на пософистициран начин.

  • Обрнете внимание дали нејзиниот палец е зад нејзиниот колан, чанта или кој било друг додаток. На овој начин се обидува да го привлече вниманието кон нејзиното лице, колкови или гради, и е знак дека е заинтересирана.

6. Ги копира вашите позиции и гестови

(6)12-jasni-znaci-deka-taa-e-luda-po-vas-kafepauza.mk

На пример, ако вие ја допрете косата, таа го прави истото по некоја минута. Вие шепотите, и таа шепоти. Оваа имитација е инстинктивна и на овој начин таа се обидува да ве разбере и да најде нешто заедничко. Ова важи и за двата пола.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар