12 физички симптоми со кои телото ни укажува на внатрешни емоционални проблеми

Нашето тело е комплициранa машина што не е чувствителна само на надворешни, туку и на внатрешни фактори. Д-р Сузан Бабел, психолог и специјалист за депресија, изнела интересна теорија за сигналите на нешто тело, како и едноставни препораки за ослободување од психолошкиот проблем. Д-р Бабел смета дека непријатноста и болката можат да бидат сигнали за внатрешно доживување – тајни стравови, нерешени прашања. Хроничната болка е симптом на стрес и емоционални проблеми, особено ако од физиолошка страна е сѐ во ред и не постои видлива причина за таа болка.

2-12-signali-koi-ni-gi-isprakja-nasheto-telo-za-vnatreshnite-emocionalni-problemi-www.kafepauza.mk_

1. Глава

Секоја главоболка се создава поради претеран напор. Тоа може да биде од големи очекувања, честа загриженост поради неважни ситници, постојано брзање…

Излез: Секој ден, оставете си доволно време за себе. Дозволете си да се опуштите и не грижете се за обврските одредено време. Одморете се и не замерувајте си поради тоа. Од тие „неактивни минути“ вашата продуктивност само ќе се зголеми, а главата нема да ве боли.

2. Врат

Непријатноста во вратот симболизира товар од гневот на опкружувањето и товар од незадоволство поради својата несовршеност. Вратот боли, кога не можеме да опростиме некому или на самите себе.

Излез: Преиспитајте го вашиот однос кон себе и кон опкружувањето. Поголемиот дел од луѓето не сакат да ве навредат. Но, и вие не сте обврзани да се придржувате до вашите ригорозни очекувања. Намалете ги очекувањата од светот и ќе научите да простувате. Исто така, важно е често да мислите на работите кои ги сакате.

3. Рамена

Болката во рамената говори за тоа дека носите голем емоционален товар, дека сте под голем емоционален притисок. Можеби некој во вашето опкружување врши притисок на вас. Или не можете да донесете некоја важна одлука, и она лежи на вашите рамена како товар.

Излез: Обидете се да ги споделите вашите проблеми со блиските пријатели. Ќе почувствувате олеснување. Дури и ако само ги изговорите, тоа ќе помогне да не ја носите таа тежина сами. А, можеби тие ќе ви ги отворат очите за едноставно решавање на проблемот.

3-12-signali-koi-ni-gi-isprakja-nasheto-telo-za-vnatreshnite-emocionalni-problemi-www.kafepauza.mk_

4. Горен дел од грбот

Болката во оваа област говори за недостаток на емоционална поддршка, најчесто поради немање блиски луѓе покрај себе. Таа може да биде и знак дека потсвесно се чувствувате несакано или неценето.

Излез: Комуницирајте повеќе со различни луѓе. Не фокусирајте се само на себе, бидете отворени и дружељубиви. Запознавајте се и состанувајте се со луѓе. И што е најважно, не притискајте го во себе чувството на наклонетост.

5. Долен дел од грбот

Ако постојано се грижите за парите, може да ве боли долниот дел од грбот. Можеби, сопствената тајна за зависноста од богатиот живот никако не ви дава мир или блиските постојано предизвикуваат да се грижите кога се во прашање парите.

Излез: Во парите не се крие среќата. Без оглед на тоа колку смешно звучи, тоа е вистина. Затоа престанете да се грижите, бидејќи најдобрите работи во животот се бесплатни. Правете ги работите кои ги сакате. Делото, во кое е вложена душата, нема да ви донесе само задоволство, туку и конкретна дивиденда во иднина.

6. Лакти

Болката во лактите укажува на недостаток на флексибилност и тврдоглава неподготвеност да се прифати компромис. Најверојатно се спротивставувате на некои важни промени во вашиот живот или потсвесно се плашите да прифатите нешто ново.

Излез: Животот понекогаш може да изгледа премногу тежок и жесток. Но тој само така изгледа, а вие сте оние што комплицирате. Бидете пофлексибилни – не губете ја енергијата во борба со она на кое не можете да влијаете.

Преминете на следната страница за останатите симптоми…

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар