12 едноставни нешта кои секоја дама ги бара од својот партнер

12 едноставни нешта кои секоја дама ги бара од својот партнер

Вие самите треба да ги одредите правилата кои владеат во вашиот љубовен однос, бидејќи не постои друг начин на кој можете да поставите здрава основа за вашата врска. Сепак, ако ги тргнеме настрана овие правила, многу жени сонуваат за маж кој ќе им ги оствари сите нивни желби. И не зборуваме за оние фантазии кои постојат само во мислите на девојките, туку за реалните очекувања кои секоја личност има право да ги бара од својот партнер. Погледнете за што станува збор.

12 едноставни нешта кои секоја дама ги бара од својот партнер

1. Целосно внимание во важните моменти од животот. Вие треба да бидете присутни, како физички така и психички, кога станува збор за големи животни промени.

2. Чести комплименти поради кои тие ќе се чувствуваат како најубавата девојка во светот. Ова е најдобриот начин да повикате насмевка на нејзиното лице и да ѝ помогнете да изгради самодоверба.

3. Добри манири и културно однесување, без разлика колку е долга врската. Не се опуштајте со времето, вашата љубена заслужува да се однесувате добро кон неа дури и ако со години сте во врска.

4. Баланс помеѓу бруталната искреност и малите слатки лаги. Сосема е во ред да ѝ кажете дека одредени нејзини зборови ве повредиле, додека пак, иако тоа не е вистина, дека не ви пречи кучето на нејзината сестра да остане преку ноќ кај вас.

5. Апсолутна опседнатост со одредени делови од нивното тело, без разлика дали станува збор за градите, нозете, вратот… Покрај сите несигурности за својот изглед, таа ќе обожава доколку издвоите еден „совршен“ дел од нејзиното тело.

6. Секс кој вклучува бакнување, но и прегратки по завршувањето на чинот. Откако ќе завршите, немојте да се свртите на другата страна и да заспиете без воопшто да ја погледнете.

7. Потврда дека љубовната врска е на прво место. Таа сака да знае дека се наоѓа пред сите останати нешта во вашиот живот меѓу кои спаѓаат кариерата, фамилијата, пријателите, како и познаниците на социјалните мрежи.

8. Подготвеност да се поднесе лошото расположение. Без разлика дали станува збор за лош ден на работа и посилен ПМС, вие треба да бидете трпеливи со неа кога не ѝ е добро.

9. Одржување на ветувањата. Дури и кога станува збор за малите ситници како времето во кое сте се договориле да се чуете на телефон.

10. Поддршка во секој момент. Без разлика за што станува збор.

11. Најразлични изненадувања, од интересни подароци до искрени гестови. Вие не мора да трошите многу пари да ја изненадите, токму идејата е тоа што се цени.

12. И за крај, најважното од сè: Почит! Без почитта, ниту една врска не може долго да опстои.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар