11-те кариери кои имаат најлошо влијание на љубовните врски

11-те кариери кои имаат најлошо влијание на љубовните врски

Користејќи информации за бројот на разводи и стресот од работното место, направена е листа на кариери кои ја отежнуваат рамнотежата помеѓу работата и љубовниот живот. На оваа листа не се наоѓаат само очигледните работни места (како на пример, егзотични танчари) туку и некои кои неочекувано ја влошуваат вашата љубовна врска. Па, погледнете за кои станува збор.

1. Вработени во казино

(1)11-te-rabotni-mesta-koi-imaat-najlosho-vlijanie-na-ljubovnite-vrski-kafepauza.mk

Повеќето казина работат постојано, па вработените имаат необични смени и многу често работат и за празници. Покрај тоа, овие луѓе постојано се околу алкохол, коцкање и средина за забава, па ова може да додаде притисок на врската. Истражување од 2010 година покажало дека кај луѓето со оваа професија стапката на развод била 31,4%.

2. Масери

Man having a massage

Кога ќе го земете предвид фактот дека масажата вклучува физички контакт, не ни треба да ви објаснуваме зошто ова работно место се нашло на листата. „Кои ти беа денешните клиенти?“ и „Што всушност правеше цел ден?“ се некои од прашањата кои масерите ги добиваат од своите (љубоморни) партнери. Според едно истражување, разводите во оваа професија се многу чести – 38,2%.

3. Шанкери и келнери

Bartender mixing drinks

Шанкерите постојано се опкружени со луѓе кои консумираат алкохол. Тие многу често не знаат до кога ќе се задржат на работното место. Истото се случува и со келнерите – необични работни часови, работа со луѓе, а понекогаш и финансиски проблеми. Стапката на развод во оваа професија е 38,4%

4. Атлетичари, забавувачи и танчари

(4)11-te-rabotni-mesta-koi-imaat-najlosho-vlijanie-na-ljubovnite-vrski-kafepauza.mk

Браковите, разделбите и разводите на познатите ѕвезди постојано се мета на јавноста. Можеби самата професија го прави тоа: честите патувања, вниманието и стресот може да бидат проблем за секоја врска. Кај танчарите е забележана највисока стапка на развод, и тоа од 43,1%.

5. Полицајци и пожарникари

(5)11-te-rabotni-mesta-koi-imaat-najlosho-vlijanie-na-ljubovnite-vrski-kafepauza.mk

Полицајците и пожарникарите имаат можеби најопасно работно место. Секој ден кога тргнуваат на работа постои ризик да бидат повредени, или во најлош случај, да загинат. Покрај тоа тие се изложени на многу стрес кој понекогаш резултира со ментални нарушувања.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар