11 скриени навики на луѓето со депресија

Постои голема разлика помеѓу клиничката депресија и нормалната тага. Тагата е како еклипса, додека депресијата е како постојана ноќ. Депресијата е болест која, за жал, почнува да зазема пропорција на епидемија. Доволно голема за луѓето со депресија да престанат да се чувствуваат како да се сами.

11 неверојатни и скриени навики на луѓето со депресија

Но, секој човек со депресија се чувствува така. Тие имаат постојано чувство на безвредност и голема тага, и покрај тоа што животот им е добар. Најлесниот начин за справување е барање професионална помош, односно терапија. Оваа листа ќе ви помогне да препознаете дали и вие, или некој што го знаете, можеби страда од депресија.

1. Наоѓаат неочекувани начини да кажат како се чувствуваат

Луѓето со депресија се креативни. Иако не можат да ја искажат својата тага преку зборови, тие ќе најдат начин да ги изразат своите емоции преку некоја уметност. На пример Силвија Плат – жена во депресија, но одлична поетеса. Можеби не се многу добри со искажување на своите емоции, но секогаш се одлични со некоја уметност.

2. Животот им е постојана битка против несаканото

Не можат да ги сопрат мислите за самоубиство и смрт, ниту пак сакаат да ги имаат. Нивниот живот е постојана битка со себе.

3. Нивните ѕидови се повисоки од вообичаено

Тие се чуваат од секого, особено ако тоа е нешто што го сакаат. Страв им е да не ги изгубат луѓето што ги сакаат, а истовремено се губат во нив.

4. Во сè гледаат со сомнеж

Единствената константа во нивниот живот е нивниот сомнеж. Никогаш не се сигурни и тешко донесуваат одлуки. Ова им предизвикува анксиозност.

5. Криењето им е омилена игра

Навистина добро ја совладале социјалната камуфлажа. Тие избегнуваат катастрофа носејќи непробојни маски, фасади од насмевки и среќа. Може со години да не знаете дека некој страда од депресија.

6. Не бараат помош

Луѓето со депресија се убедени во две нешта – не заслужуваат помош и никој нема да им помогне бидејќи се лоши, па зошто да се трудат. Се разбира, и двете причини се проблематични и целосно неточни, но навистина е тешко да ги убедите.

7. Биолошкиот часовник им е надвор од контрола

Нивните животи се хаотични. Ова особено важи за спиењето. Луѓето со депресија ретко имаат регуларен распоред на спиење. Најчесто се ноќни птици кои прават нешто што ги интересира. Како резултат на ова, во текот на денот спијат повеќе, па другите ги гледаат како мрзливи.

8. Не веруваат кога некој ќе им каже дека ги сака

Тие ретко им веруваат на луѓето кои ги тешат. Причината за ова е што биле напуштани многу пати во животот.

9. Самите се свој штит

Затоа што често биле напуштани, тие престанале да бараат помош однадвор и станале свој сопствен штит. Често се кријат во својата интровертност.

10. Чудна исхрана

Може постојано да имаат желба за нездрава храна. И ова е дел од целиот ритуал на самоповредување низ кој минуваат секој ден.

11. Секогаш се подготвени за најлошото

Сметаат дека е потребно да го гледаат само најлошото сценарио што може да се случи во нивните животи.

Погледнете ги и работите кои ги прават луѓето за да ја маскираат својата депресија.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар