11 работи што треба да ги знаете пред да почнете врска со жена која постојано користи сарказам

Некои луѓе не знаат да ја ценат очигледната брилијантност на саркастичните поединци. Многумина не го разбираат сарказмот и ретко кој може да биде во врска со човек кој има саркастична смисла за хумор. Ова се 11-те работи што треба да ги знаете пред да почнете љубовна врска со жена која постојано користи сарказам…

11 работи што треба да ги знаете пред да почнете врска со жена која постојано користи сарказам

1. Сарказмот е нивен одбранбен механизам

Саркастичните поединци не се ладни и бесчувствителни, напротив! Тие само не сакаат да им ги покажат нивните вистински чувства на останатите. Ако признаат дека се емотивни, тоа ќе ја уништи нивната непобедливост. Доколку си ја отворите душата пред нив и им раскажете тажна приказна, тие ќе ви дадат паметен одговор и ќе ви докажат дека зад нивниот цврст надворешен оклоп се крие нежна и мека душа.

2. Не прифаќаат комплименти

Доколку на саркастична жена ѝ кажете дека е убава, постои голема веројатност дека ќе ги преврти очите и ќе ви одговори со: „Да, јас сум супермодел. Утре имам фотосесија со еден познат фотограф“.

3. Ги ценат само оние комплименти што се однесуваат на нивната смисла за хумор

Ако им кажете дека се духовити, тие со задоволство ќе го прифатат тој комплимент. Тоа е така, затоа што тие навистина веруваат дека се урнебесни, а најчесто имаат и многу обожаватели кои се согласуваат со нив. Доколку им кажете дека имаат добра смисла за хумор, тие веднаш ќе почнат да ве ценат повеќе. Тоа значи дека ги разбирате, а тоа ги привлекува најмногу од сѐ.

4. Сакаат да им возвраќате на ударите

Ако сакате да бидете во врска со саркастична жена, мора да размислувате брзо. За нив нема ништо попатетично од маж кој се жали дека се однесуваат злобно кон него. На саркастичните жени им треба маж која ќе знае како да возврати на нивниот сарказам.

5. Целта на сарказмот не е секогаш да навреди некого

Се верува дека целта на сарказмот е да навреди некого и тоа е точно, но ова правило не важи секогаш. Понекогаш, неговата основна цел е да предизвика смеа. Некои саркастични луѓе не се воопшто злобни. Тие најчесто се иронични и сами си упатуваат саркастични коментари. Злобниот сарказам го користат само во посебни прилики. Ако не сакате да ви биде упатен навредлив саркастичен коментар, не правете ништо глупаво и сѐ ќе биде во ред.

6. Многу се паметни

Саркастичните луѓе се многу паметни. Луѓето кои го разбираат и го користат сарказмот многу добро го сфаќаат говорот на телото, тонот и социјалните знаци. Нивните мозоци работат напорно за да го протолкуваат поттекстот на секојдневните речници. Тие знаат кога „Браво!“ всушност значи „Ти си идиот и не знам како воопшто си успеал да се облечеш денес“.

11 работи што треба да ги знаете пред да почнете врска со жена која постојано користи сарказам

7. Користат сарказам во несоодветни ситуации

Тие не знаат кога да престанат и нивниот сарказам понекогаш се појавува во несоодветни ситуации. Кога се нервозни, саркастичните луѓе не можат да се сопрат и нивните зборови сами излегуваат од уста. Ова обично се случува на првите љубовни состаноци и важни средби со познати луѓе. Доколку можете да го поднесете нивниот сарказам, па дури и се смеете, дефинитивно ќе можете да закажете и втор љубовен состанок.

8. Ако се навистина саркастични кон вас, тоа значи дека многу им се допаѓате

Саркастичните жени најчесто користат сарказам пред луѓето кои им се допаѓаат. Тие се како 6-годишни момчиња кои ја кубат косата на девојчињата што им се допаѓаат. Да не им се допаѓавте, немаше да го трошат нивниот супериорен ум на вас. На овој начин, тие ја покажуваат својата љубов. Прифатете го тоа!

9. Автоматски им доаѓа да користат сарказам

Тие не размислуваат обидувајќи се да се сетат на саркастичен коментар. Сарказмот им доаѓа многу природно. Ним им треба време да размислат за да смислат коментар што нема да биде саркастичен. Тоа им паѓа најтешко. Кога ќе успеат да извлечат искрена забелешка од нивните мозоци, бидете благодарни, бидејќи тоа не им било воопшто лесно и веројатно ќе треба да помине многу време пред повторно да се случи истото.

10. Сарказмот им помага да се справат со глупавите луѓе

Според законот, забрането е да се убиваат глупави луѓе, па така сарказмот им помага на саркастичните жени да не завршат во затвор. На тој начин, тие се справуваат со глупавите поединци кои најчесто и онака не го сфаќаат нивниот сарказам, па така никој не завршува повреден во целата ситуација.

11. Доколку останете во врска доволно долго и вие ќе почнете да станувате саркастични

Сарказмот е заразен. Доколку сте доволно интелигентни за да го разбирате, со текот на времето и вие ќе станете саркастични покрај вашата девојка. Тоа ќе ви помогне да ја развиете вашата интелигенција, да размислувате брзо и да користите добра смисла за хумор.

Иако многумина не го сакаат, сарказмот е еден од најинтересните начини на комуникација. Преку сарказмот, вие ги поттикнувате луѓето да ја согледаат скриената порака што сакате да ја пренесете, а тоа е најчесто нешто сосема спротивно од она што го кажувате. На тој начин, воспоставувате посебна врска со луѓето околу вас, пријателите, членовите на семејството и љубовниот партнер. Освен тоа, сарказмот е суштината на привлечната смисла за хумор, а тоа е главната женска особина на која интелигентните мажи не можат да одолеат.

Ако не сте уверени во моќта на овој начин на комуникација, прочитајте ги следниве 10 причини зошто интелигентните луѓе обожаваат сарказам.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар