11 работи што треба да ги направите со вашата најдобра пријателка оваа година

Обожавате да поминувате време со вашата најдобра пријателка, но покрај работата, семејството и другите обврски, сѐ потешко ви е да најдете време една за друга. Оваа година, донесете одлука да го зацврстите вашето пријателство и направете ги следниве 11 работи…

11 работи што треба да ги направите со вашата најдобра пријателка оваа година

1. Одете на патување. Кога би живееле во совршен свет, сигурно би отпатувале некаде во Европа или на друг континент. Но, ако 1-неделен одмор не доаѓа предвид, одете на кратко патување во границите на нашата земја и уживајте.

2. Волонтирајте заедно. Најдете некоја хуманитарна организација во близина и понудете ја вашата помош. Ќе се чувствувате одлично и ќе можете да наздравите за вашата хуманост со чаша вино.

3. Разговарајте за вашите омилени статии. Книгите се супер, но статиите се уште подобра опција за девојките кои сакаат да разменуваат мислења, без да потрошат многу време.

4. Одете на 3-часовен ручек. Долгите разговори се 30 пати подобри во придружба со вкусен оброк и чаша вино… или 3.

5. Гледајте ТВ серии заедно. Ако живеете во ист град, гледајте ја заедно вашата омилена ТВ серија. Ако сте далеку една од друга, пишувајте си пораки по секоја епизода.

6. Натерајте ја да излезе од нејзината рутина. Без разлика дали ќе ја убедите да ја прекине врската што не ја прави среќна или ќе ѝ дадете храброст да ја напушти работата што не ја исполнува, бидете тука за неа за време на промената.

11 работи што треба да ги направите со вашата најдобра пријателка оваа година

7. Помогнете си околу шминката и дотерувањето. Погледнете неколку туторијали на Јутјуб заедно и конечно осмелете се да ги нашминкате очите со храбри бои. Таа нека ви ја направи фризурата, а вие одберете ѝ ја облеката. Ќе се воодушевите од вашите трансформации!

8. Пробајте нови физички вежби. Да бидеме искрени: Нема шанси да отидете на час по латино танци, ако вашата пријателка не биде до вас кога ќе откриете дека имате полошо чувство за ритам од мало бебе.

9. Прославете ја вашата годишнина. Без разлика дали сте се запознале пред неколку години или се дружите уште од градинка, одбележете ја вашата љубов така што ќе си одвоите ден за вашите омилени активности.

10. Купете си белезии за да го означите вашето пријателство. Се сеќавате на оние пластични белезии што си ги подарувавте една на друга кога бевте мали? Сега можете да направите исти такви, само поубави и посодветни за возрасни.

11. Праќајте си смешни фотографии барем еднаш неделно. Нема ништо подобро од смешна фотографија што може да ви го разубави и најлошиот ден, особено ако ви ја пратила вашата најдобра пријателка и се работи за некоја интерна шега што само вие си ја разбирате.

Прочитајте ги и следниве 10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар