11 работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријатели

11 работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријатели

Постојат луѓе за кои братучедите претставуваат далечни роднини што ги гледаат само за време на семејните собири. Но, има и такви што своите братучеди ги сметаат за најдобри пријатели. Ако и вие сте едни од нив, тоа е одлично бидејќи на тој начин секогаш имате со кого да се забавувате за време на здодевните фамилијарни ручеци и со кого да разговарате кога ќе ви дојде преку глава од вашите родители и браќа и сестри. Најважно од сѐ е што знаете дека тие секогаш ќе бидат тука за вас. Ова се 11-те работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријатели…

11 работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријатели

1. Знаете дека ќе бидат тука за време на секој празник

Со вино или пиво во рака се одвојувате од останатите и си ги раскажувате сите сочни детали од семејната драма. Никогаш не ви е здодевно, а другите не можат да сфатат зошто не можете да престанете со смеење.

2. Скришно си праќате пораки под маса за време на семејните собири

Ако се случи нешто урнебесно смешно за време на семејниот ручек, најпрво ќе го искоментирате тоа со вашите братучеди и тоа преку тајни СМС пораки за никој да не дознае дека му се смеете на чичко ви поради тоа што се опијанил и зборува глупости.

3. Ќе присуствувате на вашите венчавки и тоа нема да ви претставува обврска

Можеби дури и ќе му бидете кум на вашиот братучед или старосватица на вашата братучетка. Ќе се забавувате и со задоволство ќе присуствувате на овој голем ден од животот на вашите братучеди.

4. Сепак, постои голема веројатност дека се карате како браќа и сестри

Вашите братучеди воопшто не се двоумат да ве прекорат доколку забележат дека сте станале на лева нога, а вие не се плашите да им кажете дека новата фризура им е катастрофа. Ќе бидете заедно до крајот на животот, така што најдобро е да бидете искрени едни со други.

11 работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријатели

5. Тие биле сведоци на чудниот тинејџерски период од вашиот живот

И воопшто не се плашат да ве потсетат на тоа. Тоа подразбира потсмевање на вашите стари фотографии од средно училиште, шегување на сметка на вашиот лош стил на облекување и чудни хобија.

6. Можете да разговарате со нив за вашите проблеми

Дали сестра ви е неподнослива во последно време? Братучедите се секогаш тука за да ви дадат паметен совет. Дали партнерот на братучетка ви се однесува лошо со неа? Со задоволство ќе разговарате за тоа и ќе го најдете вистинското решение.

7. Луѓето секогаш ви велат дека многу си личите

И вам тоа воопшто не ви пречи, баш напротив! Се гордеете што толку многу си личите! На крајот на краиштата, сепак сте крвно поврзани и нема бегање од гените.

8. Ги разбираат и сочувствуваат со вашите семејни проблеми

Сепак, се работи за дел од нивната фамилија и тие знаат колку незгодни можат да бидат одредени членови од семејството. Добро е да имате некој на ваша страна кога баба ви ќе ве праша кога ќе си „фатите дечко“.

11 работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријатели

9. Вашиот шкаф е полн со нивна облека

Постојано си разменувате и позајмувате парчиња облека, но никогаш не си ги враќате назад, бидејќи сепак сте семејство и сметате дека нема потреба за тоа.

10. Вашите родители постојано ве споредуваат

Понекогаш дури и ги мешаат вашите имиња. Но, ова не ве нервира, туку го сфаќате како комплимент.

11. Не би ја менувале вашата врска за ништо друго на светот

Вие не сте само роднини, туку и најдобри пријатели. Има ли нешто подобро од тоа?

Доколку можевте да се пронајдете во овој текст, прочитајте ги и 9-те причини поради кои братучедите ви се добри другари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар