11 работи кои треба да престанете да ги правите за да се фокусирате на една – себеси

Автор: Калин Бабушку

Нови почетоци, нова година. Време е да се фокусираме на самите себеси.

11-raboti-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-za-da-se-fokusirate-na-edna-sebesi-kafepauza.mk

1. Прекинете да трошите време на погрешни луѓе – Животот е прекраток да го поминуваме со луѓе коишто се негативни, кои ни одземаат енергија, кои само нè влечат надолу. Да знаете, не треба да ги кривите нив што ви го прават тоа, туку сами да се запрашате дали треба или не треба да го поминувате времето со нив.

2. Прекинете да мислите дали сте подготвени – Маѓепсан круг во кој многу често знаеме да западнеме. Да не избегаме од комфорната зона. Една е вистината: Секогаш сте подготвени за нови работи. Или подобро кажано, никогаш нема да бидете 100% подготвени затоа што едноставно тоа е невозможно. Со текот на времето ќе дојдете на тие 100% и тогаш ќе треба да преминете на нешто ново.

3. Немојте да се враќате на минатото – И да направите промена, немојте да се двоумите – дали доколку сте ја избрале другата опција можеби ќе ви било подобро. Тоа што сте го одбрале е правилната одлука и работете на тоа таа да се оствари и да ве доведе до 100%, и немојте да влегувате во пустото: „Ех, да отидев по другиот пат ќе ми беше подобро“.

4. Немојте да бегате од проблемите – Соочете се со нив веднаш. Немојте да ги криете „под тепих“, затоа што кога-тогаш ќе се појават. Едно треба да знаете, за секој проблем има решение – некои од тие решенија можеби нема да ви се допаднат – но сепак е решение.

5. Немојте да се залажувате – Можете да ги лажете луѓето околу вас, но никогаш самите себеси. Ако сте реални, вие најдобро знаете кои сте и што сте. Ако веќе го знаете тоа, гледајте да ги подобрите работите кај себе, а не да се залажувате.

6. Прекинете да ги ставате потребите на другите пред вашите – Да, помогнете им на другите, но помогнете си и на самите себеси! Да, направете нешто за другите, но направете нешто и за себе! Да, имајте време за другите, но имајте време и за себе!

7. Прекинете да пробувате да бидете некој што не сте – Еден од најголемите предизвици е да се биде тоа што си, а не некој или нешто друго. Најголем предизвик е да не ставаме маски, туку да бидеме она што сме. Немојте да правите сè за да ве сакаат другите, туку бидете тоа што сте. Вистинските луѓе ќе ве сакаат такви какви што сте навистина.

8. Немојте да се плашите да правите грешки – Кој греши, тој/таа учи. Но, учете од грешките, немојте да ги оставете само така. На секој успех му претстоеле безброј грешки и тоа е така и така ќе биде. Тие грешки се инвестиција за во иднина.

9. Прекинете да се натпреварувате – Не се грижете за тоа што можат да направат подобро од вас другите. Фокусирајте се на подобрување на вашите претходни успеси. Всушност, борбата е помеѓу минатото ЈАС и идното ЈАС.

10. Прекинете да се жалите – Ако сакаме, може да се жалиме до утре, но тоа нема ништо да помогне или да ја смени ситуацијата. Подобро е за вас да ја фокусирате енергијата кон промена на работите отколку постојано да се жалите. Од друга страна, пак, ако постојано се жалите, луѓето ќе ве одбегнуваат и никој нема да сака да се дружи со вас.

11. Прекинете да се објаснувате на другите – Тоа не им е потребно на тие коишто ве знаат, а непријателите и вака и онака нема да ве разберат!

Време е да мислите на себеси. Со тоа ќе го подобрите вашето живеење, но и на најблиските околу вас (семејството, пријателите, соработниците…)

Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар