11 работи што секој емпат се обидува да ги скрие од вас

Ако сте пријател со некој емпат, вие сте навистина среќни. Тие се најдобрите луѓе кои секогаш ќе ве ислушаат и ќе се обидат да ви помогнат. Но, ова помагање си има своја цена. Тие им помагаат на другите на сметка на своите емоции и енергија. Емпатите постојано се чувствуваат изморено и депресивно бидејќи никој не ги познава доволно добро. Но, секогаш се обидуваат да го скријат ова од другите. Погледнете кои се работите кои секој емпат ги крие од вас.

(1)10-raboti-koi-sekoj-empat-se-obiduva-da-gi-skrie-od-vas-kafepauza.mk

1. Нема да ви покажат колку се чувствителни на нивното опкружување

Емпатите се многу чувствителни за работите кои се случуваат околу нив. Но, на некој начин тие одбиваат да го покажат ова. Целта на ова прикривање е тоа што не сакаат да ги повредат чувствата на другите. Емпатите знаат дека луѓето околу нив се веќе изложени на многу стрес, па не ги покажуваат своите чувства за да ги заштитат другите. Но со ова криење, многу често тие се тажни и повредени.

2. Тие ги впиваат емоциите

Овие луѓе имаат неверојатна способност да ги впиваат сите емоции околу нив. Токму поради ова тие многу лесно можат да им помагаат на другите. Емпатите ги „слушаат“ емоциите на луѓето, ги впиваат и се обидуваат да ги излечат.

3. Тие се срамежливи и сакаат да бидат сами

Веројатно сметате дека некој емпат кој постојано е со други луѓе сака да разговара и да биде во друштво. Но, емпатите се многу срамежливи. Тие сакаат да бидат сами и потребно им е време да закрепнат од сите емоции кои ги чувствуваат од другите.

(4)10-raboti-koi-sekoj-empat-se-obiduva-da-gi-skrie-od-vas-kafepauza.mk

4. Уживаат во природата

Емпатите обожуваат да поминуваат време во природата. Тие ја впиваат нејзината енергија и ја користат за да им помогнат на другите. Дури и кратката прошетка во паркот ги прави навистина среќни.

5. Знаат кога ги лажете

Тие веднаш ќе препознаат доколку ги излажете. Тие сретнале многу видови луѓе и поради ова лесно ги разликуваат лажговците од искрените. Па, не се обидувајте да ја криете вистината од емпат, бидејќи тој секогаш ќе знае ако го лажете.

6. Сметаат дека дават премногу

Понекогаш емпатите се чувствуваат како да му даваат премногу на светот, а добиваат многу малку за возврат. Ова се периоди кога тие се истрошени и изморени и немаат енергија да се справуваат со емоциите на другите. Но, на некој начин тие сами се лекуваат и се враќаат да им помагаат на оние на кои им е потребна помош.

(7)10-raboti-koi-sekoj-empat-se-obiduva-da-gi-skrie-od-vas-kafepauza.mk

7. Паразитите ги обожуваат

Социјалните паразити ги препознаваат емпатите и ги користат за да им ја „префрлат“ целата негативност и стрес. Паразитите се многу паметни бидејќи се свесни дека емпатите се нежни и нема да одбијат да им помогнат. Тие се хранат од нивната енергија.

8. Интуицијата им е силна страна

Емпатите имаат одлична интуиција. Таа многу често резултира со соништа и визии за случувањата и луѓето околу нив. Ако некој емпат ве предупреди за нешто, сфатете го тоа сериозно.

9. Понекогаш се многу изложени на стрес

Понекогаш светот е премногу за нив. Поради ова може да бидат анксиозни и под стрес и не можат да се справат со емоциите на многуте луѓе околу нив. Оваа негативност им го крши срцето, но тие продолжуваат понатаму како ништо да не се случило.

(10)10-raboti-koi-sekoj-empat-se-obiduva-da-gi-skrie-od-vas-kafepauza.mk

10. Искористени се од другите

Емпатите се многу нежни, па другите лесно можат да ги искористат. Ова има лошо влијание на нивната енергија и на нивното здравје. Иако е тажно, многу луѓе свесно ги искористуваат емпатите.

11. Тие сакаат длабоко

Никој не може да љуби како емпат. Нивната љубов е длабока и се грижат премногу. Љубовта на емпатите не само што ќе ви го подобри животот, туку ќе ве направи и подобра личност. Ако сте љубени од емпат, вие сте навистина среќни.

Ако познавате ваква личност, обидете се да ѝ помогнете како што таа им помага на другите.

Погледнете и зошто никогаш не треба да си играте со емпат.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар