11 работи кои луѓето не сфаќаат дека ги правите поради тоа што сте депресивни

Депресијата е психолошко нарушување што негативно влијае на начинот на кој се чувствувате, размислувате или пак, на тоа како се однесувате. За среќа, таа може да се лекува, но само доколку личноста ја прифати оваа состојба. Депресијата предизвикува чувства на тага и изгубен интерес за активностите во кои некогаш сте уживале. Па, тоа може да доведе до различни емоционални и физички проблеми, а исто така може во голема мера да ја намали способноста да се функционира дома и на работа. Иако симптомите на депресијата во некои случаи може да не бидат многу видливи, постојат и некои секојдневни работи кои го покажуваат тоа.

11 работи кои луѓето не сфаќаат дека ги правите поради тоа што сте депресивни

Некои луѓе може лесно да ја препознаат оваа состојба, додека пак другите не. Депресивните личности најчесто не ја признаваат својата состојба пред останатите, па се обидуваат да направат сѐ што е во нивна моќ да го сокријат тоа. Доколку се сметате себеси за депресивна личност, погледнете ги овие знаци кои можеби оние околу вас не сфаќаат дека ги правите со цел да ја прикриете вашата состојба.

1. Правите сѐ што можете за да го скриете фактот дека сте депресивни

Кога имате депресија, ќе се обидете дури и да се уверите себеси дека сѐ е во ред со вас. Ќе ставате лажна насмевка на лицето, каде и да одите и вашите пријатели ќе ви завидуваат на ентузијазмот и енергијата кои се чини дека секогаш ги имате. Но, вистината е дека внатрешно вие се чувствувате исцрпени, изгубени и тажни.

2. Им викате на вашите најсакани

Многу често се случува да им викате на оние кои воопшто не се виновни. Вие имате премногу негативна енергија во вас и понекогаш викањето е единствениот начин за да се ослободите од неа.

3. Повторувате сѐ

Без разлика на што се однесува, вие ги повторувате работите повторно и повторно, сѐ додека не се изморите. Вие сте перфекционист и не можете да престанете да се обидувате да ги задоволите останатите околу вас.

4. Се лекувате самите

Доколку се чувствувате депресивно, не можете да испиете само една чаша вино за време на вечерата. Алкохолот прави барем накратко да заборавите на вашите проблеми, па иако знаете дека ова не е вистинското решение, сакате барем една вечер да заборавите на случувањата.

5. Ги откажувате плановите кои навистина сакате да ги остварите

Без разлика дали тоа е свадбата на која едвај чекавте да отидете или пак концертот за кој вашите пријатели веќе долго ви зборуваат, понекогаш не би можеле да се справите со ваквите ситуации па затоа ги откажувате планирањата. Ова не значи дека вие сте сакале да го направите тоа, но во вашата ментална состојба, сѐ што ви треба е да бидете сами.

11 работи кои луѓето не сфаќаат дека ги правите поради тоа што сте депресивни

6. Чувствувате болка насекаде

Депресијата, исто како и анксиозноста, може да предизвика и физички симптоми. Понекогаш оваа ментална болест може да направи да чувствувате како вашето тело да тежи еден тон и како да ве болат сите коски.

7. Не можете да останете будни

Депресијата дефинитивно може да ви предизвика проблеми со спиењето. Може да ви биде тешко да останете будни дури и за време на денот, затоа што немате мотивација и се чувствувате премногу уморни за да направите што било.

8. Јадете сѐ што ќе здогледате

Кога не се чувствувате ментално добро, тогаш храната може да биде единственото нешто што ви нуди удобност.

9. Губите апетит

Исто така може да се случи и спротивното. Со депресијата доаѓа голема загуба на енергија и ентузијазам за учествување во одредени активности. Јадењето може да биде една од тие работи.

10. Правите надворешно вашиот живот да изгледа совршен

Не сакате никој да се грижи за вас, па правите сѐ што можете за да ги убедите вашите пријатели дека сте добро. Објавувате позитивни статуси и слики на социјалните мрежи и избегнувате каков било знак кој може да предизвика другите да ве прашаат за вашата состојба.

11 работи кои луѓето не сфаќаат дека ги правите поради тоа што сте депресивни

11. Плачете без причина

Понекогаш, ќе се разбудите и ќе забележите солзи на вашето лице. Некои денови можете да бидете среќни во еден момент, а веќе наредниот да плачете без причина. Може постојано да мислите „Зошто сум тажен/а?“, „Зошто плачам?“, „Би требало да бидам среќен/а“. Но, депресијата е болест и тоа не е ваша вина.

Најдобро е да го согледате своето однесување и доколку сметате дека покажувате знаци на депресија, обратете се до стручно лице. Не срамете се да разговарате за вашите проблеми, затоа што после сѐ, ќе можете животот да го гледате појасно!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар