11 пролетни комбинации кои веќе не се во мода

11 пролетни комбинации кои веќе не се во мода

Додека некои трендови остануваат засекогаш, пролетните трендови постојано се менуваат и тоа на најнеочекуван начин. За да бидете во тек, ќе ви помогнеме да дознаете кои работи веќе не се во мода. Погледнете ја листата и подгответе се да ги исфрлите овие парчиња облека од вашиот шкаф.

1. Тога фустани

(1)11-proletni-kombinacii-koi-povekje-ne-se-na-moda-kafepauza.mk

Постои време и место за фустаните и блузите кои го откриваат едното рамо – а тоа не е пролетен ден. Без сомнение овој стил треба да се чува за навечер. Шарените тога фустани веќе одамна не се во мода. Па ако сакате да носите некоја верзија на овој модел подобро одберете фустан со рамки или со ракави.

2. Плетени маици

(2)11-proletni-kombinacii-koi-povekje-ne-se-na-moda-kafepauza.mk

Плетените маици биле нешто што морало да се има во 90-тите. Денес, дури и славните личности се откажаа од нив, па можеби е време и вие да го сторите тоа. Покрај тоа што повеќе не се во мода, самиот материјал ги прави и доста неудобни. Подобро држете се со памукот.

3. Кафени кожни апостолки

(3)11-proletni-kombinacii-koi-povekje-ne-se-na-moda-kafepauza.mk

Одбирањето на модерни пролетни чевли е вистински предизвик, па затоа олеснете си го изборот со тоа што веднаш ќе ги тргнете апостолките од листата.

4. Мини комбинезон без прерамки

(4)11-proletni-kombinacii-koi-povekje-ne-se-na-moda-kafepauza.mk

Ако ја сакате слободата која ви ја носат комбинезоните, подобро одлучете се за моделите со долги ногавици. Комбинезонот без прерамки може да стане чик со тоа што едноставно ќе ги покриете вашите нозе.

5. Панталони со боја на сенф

(5)11-proletni-kombinacii-koi-povekje-ne-se-na-moda-kafepauza.mk

Пролетта е совршеното време за да ги извадите вашите обоени панталони. Светло розова, сина и црвена, сите имаат место оваа сезона. Сепак, им помина славата на панталоните со боја на сенф.

6. Широк кроп-топ

(6)11-proletni-kombinacii-koi-povekje-ne-se-na-moda-kafepauza.mk

Ова парче облека го доживеа својот врв пред неколку години, но многумина со текот на времето сфатија колку всушност овие модели откриваат. Доколку не сте во теретана или не вежбате јога, најдобро е да го покриете вашиот стомак во јавност.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар