11 одлични начини да го отстраните мирисот од загорената храна во вашиот дом

11 одлични начини да го отстраните мирисот од загорената храна во вашиот дом

Вечерата само што не е готова, а вас ви заѕвони телефонот. После подолгиот разговор со пријателката се сетивте на вечерата. Ја отворивте рерната и го почувствувавте познатиот, непријатен мирис на изгорена храна, провлекувајќи се со брзина на светлината во секој ќош од вашиот дом. За среќа, постојат повеќе брзи и едноставни начини да го отстраните. Еве како…

1-11-odlichni-nachini-da-go-otstranete-mirisot-od-zagorenata-hrana-od-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

1. Отстранете го остатокот од храната што е можно побрзо

Во никој случај не фрлајте ги остатоците од храната во кантата за ѓубре и потоа да заборавите на нив, бидејќи нивниот непријатен мирис и понатаму ќе се шири низ вашиот дом. Наместо тоа, ставете ги во пластична кеса, заврзете ги и веднаш фрлете ги надвор.

2. Отворете ги прозорците и вратите

Еден од најбрзите и најлесните начини да се ослободите од неудобниот мирис е да ги отворите прозорците и вратите за да навлезе свеж воздух и да ја неутрализира миризбата.

3. Вклучете вентилатор

За свежиот воздух побрзо да го исполни вашиот дом, веднаш покрај прозорците или вратите ставете вентилатор (или повеќе ако имате) и вклучете го на најјака брзина. Ако имате аспиратор во кујната, вклучете го и него.

4. Рерна

Загрејте ја рерната на 100 степени. Дното на тепсијата покријте го со алуминиумска фолија и на неа ставете лажичка путер, малку цимет и шеќер. Ставете ја тепсијата во рерната и исклучете ја. После три часа извадете ја тепсијата. Непријатниот мирис ќе исчезне, а домот ќе мириса како штотуку да сте испекле некој вкусен колач.

5. Освежувач за воздух во спреј

Ако ниеден од членовите на вашето семејство не е алергичен, тогаш во кујната напрскајте малку освежувач за воздух. Водете сметка да не претерате, бидејќи поголемата количина може да го засили непријатниот мирис.

2-11-odlichni-nachini-da-go-otstranete-mirisot-od-zagorenata-hrana-od-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

6. Лимон

Во зовриена вода додадете лимон кој ќе биде исечен на парчиња. Намалете ја температурата и оставете да врие 30 минути.

7. Каранфилче

Во зовриена вода додадете една рака каранфилчиња. Намалете ја температурата и оставете да врие 20 минути.

8. Кромид

Исечкајте една главица кромид и ставете ги парчињата во зовриена вода. Тргнете го тенџерето од шпоретот и течноста сипете ја во повеќе пластични сада. Потоа садовите распоредете ги насекаде низ домот. Оставете ги така преку ноќ. Непријатниот мирис ќе исчезне до утрото.

9. Оцет и леб

Ставете вода во тенџере, па додајте две шолји оцет. Оставете да зоврие, намалете ја температурата, па оставете да се вари уште 15 минути. Натопете неколку парчиња бел леб од оваа течност и поставете ги на различни места низ вашиот дом.

10. Сода бикарбона

Распоредете половина шолја сода бикарбона во неколку сада и поставете ги на местата каде што мирисот најмногу се чувствува. Оставете да делува преку ноќ.

11. Направите природен освежувач за воздух

Во шише со распрскувач ставете еднаква количина лимонов сок и вода. Распрскајте ја течноста насекаде низ кујната и неудобниот мирис набрзина ќе исчезне.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар