11 навики на подготвување на храната кои го загрозуваaт вашето здравје

11 навики на подготвување на храната кои го загрозуваат вашето здравје

Некои од начините на кои ја подготвуваме храната можат да бидат многу погрешни и да се причина за предизвикување многу болести. Бактериите се сериозна работа и доколку не внимаваме при готвењето, тие драстично се развиваат и размножуваат. Ова се неколку грешки кои не би смееле да ги правите и совети како да го спречите внесувањето бактерии во организмот.

11 навики на подготвување на храната кои го загрозуваaт вашето здравје

1. Сировото и термички обработено месо треба да се чува во посебни садови

За подготвувањето на сирово, варено или печено месо секогаш употребувајте различни чинии или садови. Причината за тоа е што бактериите од сировото месо можат да се префрлат на термички обработеното месо. Истото важи и за морските плодови и птиците.

2. Одмрзнување на месото на кујнската работна маса

Со оглед на тоа што бактериите многу брзо се размножуваат на собна температура, месото никогаш не смеете да го одмрзнувате на кујнската работна маса. Најдобар начин за одмрзнување на состојките е во фрижидерот, во чинија со ладна вода или во микробранова печка.

3. Миење на месото

Спротивно на логиката, миењето на месото во мијалникот не е воопшто хигиенски. На тој начин бактериите можат да се прошират во мијалникот и на останатите кујнски површини.

4. Ладење на храната пред да ја ставите во фрижидер

Многумина се уверени дека треба да ја оладите храната пред да ја стават во фрижидер. Меѓутоа, оставањето топла храна на собна температура значи отворен повик кон бактериите. Во лесно расипливата храна, бактериите кои предизвикуваат болести можат да се развијат за два часа, освен ако храната брзо не се стави во фрижидер. Но, имајте на ум дека штотуку зготвената, врела храна не смее да се стави во фрижидер бидејќи ќе ослободува топлина, при што ќе биде загрозена останатата храна внатре.

5. Јадења кои содржат живи јајца

Предупредувањето за опасноста од консумирање живи јајца е потполно издржано. Термички необработените јајца може да имаат салмонела или други штетни бактерии.

6. Маринирање на кујнската работна маса

Маринирањето на кујнската работна маса е подеднакво опасно како и одмрзнувањето на храната на истата. Штетните бактерии брзо се размножуваат на собна температура, затоа маринираната храна задолжително чувајте ја во фрижидер.

7. Користење на маринадата како сос

Иако се чини дека е економично да ја користите маринадата како сос, треба да имате на ум дека бактериите од сировото месо може да ја заразат вашата храна. Маринадата може да ја користите само ако пред консумирање ја загреете до температура на вриење.

8. Недоволно термички обработено месо

Премногу сувото месо, недопеченото месо или вареното месо во себе може да содржи опасни бактерии. „Крвавиот бифтек“ не се наоѓа на листата на забранети или нездрави јадења, но правилно зготвеното месо во секој случај е посигурен избор.

9. Немиење на рацете

Важност на миењето раце е добро позната мерка за безбедност. Сепак, многумина поради брзање или забораваат да ги измијат рацете или тоа не го прават како што треба. Рацете треба да се мијат 20 секунди со сапун, а потоа убаво да се исплакнат со вода.

10. Пробување на храната за да се утврди нејзината исправност

Ако сте од оние луѓе кои го пробуваат млекото за да се уверат дали е расипано, тогаш подобро откажете се од оваа навика. Иако во случајот со млекото може да добиете само стомачни тегоби, само еден залак од некоја друга расипана храна може да предизвика сериозни здравствени проблеми.

11. Неизмиеното овошје е опасно ако се сече на даската за сечење

Дури и ако планирате да го излупите овошјето или зеленчукот пред употреба, сепак најдобро е прво да го измиете, затоа што пестицидите од овошјето можат да се префрлат на другите површини во кујната.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар