11 лаги во кои почнуваме да веруваме кога ќе се смириме со нашите бивши

Многу луѓе се обидуваат да им се вратат на врските од минатото. Секако дека понекогаш постојат добри причини зошто би се смириле со поранешниот партнер. Сепак, во повеќето случаи набрзо сфаќаме дека причините за обновување на врската биле само лага. Доколку размислувате да се смирите со вашата поранешна љубов, прочитајте ги 11-те најчести изговори и лаги во кои треба да престанете да верувате…

1. Овој пат ќе биде различно

11 лаги во кои почнуваме да веруваме кога ќе се смириме со нашите бивши

Светот постојано се менува, па зошто не би можеле да се сменат и работите во вашата врска? Да, ќе се сменат, ама најверојатно на полошо. Според некои истражувања, партнерите кои се смируваат обрнуваат помало внимание на позитивните страни на нивната врска и повеќе се концентрираат на негативните. Многу ретко се обидуваат да ги решат проблемите и обожаваат да се потсетуваат на грешките од минатото.

2. Тој или таа целосно се смениле

11 лаги во кои почнуваме да веруваме кога ќе се смириме со нашите бивши

Луѓето не се менуваат, барем не толку брзо и без причина. Ќе ви треба многу силна и искрена желба, мотивација, волја и време за да ја смените дури и најмалата негативна навика. Дали вашиот поранешен партнер ги покажува сите овие особини?

3. Мислите дека никој не ве познава подобро од вашата поранешна љубов

11 лаги во кои почнуваме да веруваме кога ќе се смириме со нашите бивши

Во право сте. Сте поминале многу време заедно. Сепак, фактот што се познавате толку добро не го спречило вашето раскинување, се согласувате? Можеби токму тоа и било причината за вашата разделба. Не заборавајте дека секогаш мора да постои одредена доза на мистерија во врската.

4. Мислите дека постојат само идиоти и дека нема да најдете подобар партнер

11 лаги во кои почнуваме да веруваме кога ќе се смириме со нашите бивши

Тревата на соседот е секогаш позелена од вашата. Можеби не сакате да ги видите квалитетите на она слатко момче затоа што започнувањето нова врска би значело дека треба да излезете од вашата удобна зона. Можеби не можете да ја видите убавината на новата девојка, бидејќи не сакате да се ослободите од минатото.

5. Си мислите: „Не е совршен/а, но мој/а си е“

11 лаги во кои почнуваме да веруваме кога ќе се смириме со нашите бивши

Човечкиот мозок е почувствителен на загубите отколку на победите. Истото важи и за врските. Но, запрашајте се што е подобро: Да живеете среќно до крајот на животот со вашата сродна душа или да имате несреќен живот со „несовршен, но мој си е“ партнер?

Продолжете на следната страница за да ги прочитате и останатите лаги…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар