11 едноставни правила кои ќе го направат бакнежот со партнерот совршен

Бакнувањето е познато како омилен универзален акт за изразување љубов и внимание. Постојат толку многу различни начини на разменување нежности, но бакнежот дефинитивно се наоѓа на врвот од листата. Има многу различни начини на бакнување: француски, ескимски, австралиски… а можете да бидете бакнати на кој било дел од телото. Сепак, кога зборуваме на оваа тема има некои работи кои би сакале да ги прескокнете уште веднаш при следната сесија на бакнување.

0-11-ednostavni-pravila-koi-kje-go-napravat-baknezhot-so-partnerot-sovrshen-kafepauza.mk

1. Не пуштајте го јазикот веднаш

Некои луѓе го почнуваат бакнежот со јазик, а тоа баш не е најдобриот начин да започнете бакнеж. Јазикот е додаток – ако нештата одат добро, тогаш пуштате јазик.

2. Не размислувајте за следниот чекор

Ова не е шах – ова е бакнување. Иако големо е искушението да дознаете што следно ќе направи партнерот, сето тоа ја уништува магијата на моментот – а тоа е спротивно од она што го сакате.

3. Намалете со задевање

Ако цело време се тргнувате за да го задевате партнерот, по некое време тој/таа ќе се чувствува како да си играте со него/неа.

4. Дефинитивно обидете се да ја контролирате плунката

Едно од полошите нешта што може да ви се случи е после бакнежот партнерот/ката да се чувствува како да бил/а истуширан/а со плунка. Затоа потрудете се да ја контролирате плунката – голтајте ја што е можно повеќе, но внимавајте да не ви се исуши устата.

5. Ако не знаете дали сакаат грубо бакнување, само пробајте

Гризењето на усните е океј, но на некои луѓе едноставно не им се допаѓа. Ако не сте сигурни што сака партнерот немојте да ги заривате вашите заби во нивните усни како да јадете стек.

1-11-ednostavni-pravila-koi-kje-go-napravat-baknezhot-so-partnerot-sovrshen-kafepauza.mk

6. Страста е добра, но премногу силно навлегување? Не баш

Притисокот е супер, но ако чувствувате дека партнерот се трга од вас за да се, тогаш намалете малку.

7. Но сепак, навлезете!

Постои добра причина зошто филмските бакнежи се страсни и тешки, а не пасивни и лесни. Никогаш немојте премногу нежно да се бакнувате. Тоа дури може да изгледа како да сте на седативи, што никому не му е привлечно.

8. Слушајте што говори устата на партнерот

Голем дел од времето, начинот на кој партнерот ви го возвраќа бакнежот е начинот на кој тој/таа сака да биде бакнуван/а. Затоа, уште на почеток, обрнете внимание на начинот на кој ве бакнуваат и каде ве бакнуваат бидејќи голема е веројатноста тие таму да сакаат да бидат бакнати.

9. Не се држете само до усните

Усните се одличен почеток за добар бакнеж, но постојат уште многу прекрасни места – вратот, ушите, образите, носот и сите места на кои може да се бакне.

2-11-ednostavni-pravila-koi-kje-go-napravat-baknezhot-so-partnerot-sovrshen-kafepauza.mk

10. Никогаш не го прелетувајте бакнувањето за да стигнете до сексот

Освен ако партнерот не ви кажал така. Многу е одвратно кога во еден момент се бакнувате, а веќе во друг момент чувствувате нечија рака во вашите пантолони. Изгледа ужасно, поттикнува лошо мислење за вас и може да предизвика агресивна реакција. Движете се пополека – подобро е така.

11. Концентрирајте се на бакнувањето

Бакнувате некој кој искрено ви се допаѓа. Размислете колку често го правите тоа. Не го правите толку често колку што би сакале, нели? Кога ќе се сетите на сите причини зошто сте сакале да го/ја бакнете, тоа ќе го направи бакнежот уште подобар и за вас, но и за партнерот.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар