11 чудни техники кои го намалуваат стресот и веднаш ќе ве релаксираат

11 чудни техники кои го намалуваат стресот и веднаш ќе ве релаксираат

Ако не се справите со него, стресот може да се претвори во трајна, токсична навика. Бидејќи ретко знаеме правилно да се справиме со стресот, си создаваме дополнителна нервоза и циклусот си продолжува. За среќа постојат некои чудни, но навистина едноставни и ефективни техники кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот за многу кратко време.

11-neobichni-tehniki-koi-go-namaluvaat-stresot-kafepauza.mk

1. Лажна насмевка

Иако форсирањето емоции не е добро, истражувањата покажале дека смеењето, дури и кога не ви е дојдено тоа, може да го излаже вашиот мозок да се чувствувате подобро. Лажната насмевка може да го намали стресот за неколку секунди.

2. Ставете го палецот во уста и цицајте

Оваа „техника“ ќе активира нешто наречено вагусен нерв и ќе го забави вашето срце и ќе го намали крвниот притисок.

3. Дувајте на вашиот палец

Ако се наоѓате на место каде што не е пристојно да го ставите палецот во уста, доволно е само да дувнете на него. Палецот си има свој пулс па дувањето ќе го забави пулсот и ќе го намали вашиот стрес.

4. Гума за џвакање

Докажано е дека џвакањето гума може да ги намали стресот и анксиозноста во која било ситуација.

5. Барајте фрактали

Фракталите се дезени кои се наоѓаат во природата, како ливчињата на цветот или формите на пајаковата мрежа. Ова ќе ви помогне да го намалите стресот дури за 60%.

6. Вдишете длабоко

Ова изгледа очигледно, но всушност треба и да мислите на дишењето за да функционира. Почнете бавно, наполнете ги дробовите со воздух до крај, и потоа бавно издишете. Овој начин на дишењето ќе го намали ритамот на вашето срце и ќе го активира парасимпатичниот нервен систем кој е одговорен за опуштањето.

7. Застанете до растение

Ако се опкружите со растенија, стресот во вашиот живот значително ќе се намали. Едно истражување покажало дека растенијата во канцелариите значително го намалуваат крвниот притисок, но и ја зголемуваат продуктивноста.

8. Притиснете помеѓу вториот и третиот зглоб

Ова е навистина уникатен начин за ослободување од стресот. Нежно притиснете го просторот помеѓу вториот и третиот зглоб на вашиот прст, на местото каде што прстот се соединува со дланката. Овој притисок ќе активира нерв кој ќе ви помогне да се смирите.

9. Направете некоја лесна јога поза

Можеби немате време за цел час вежбање, но нема ни потреба од толку. Доволни се неколку едноставни јога пози кои ќе ги изведете за кратко време. Овие движења ќе ви помогнат да дишете длабоко и да станете свесни за вашето тело. На овој начин веднаш ќе се релаксирате.

10. Зелен чај

Зелениот чај содржи теанин, аминокиселина која го уништува ефектот на кофеинот. Бидејќи кофеинот го забрзува чукањето на срцето, го засилува и стресот. Зелениот чај е одличен за вакви моменти.

11. Извршете неколку домашни обврски

Ако се чувствувате навистина лошо, одличен начин да го промените тоа е да работите нешто дома што бара движење. Исчистете ја кујната, фрлете го ѓубрето или слично. Ако сте на работа, искористете ја паузата да завршите некои други обврски. Ќе се смирите за многу кратко време.

Погледнете ги и овие кратки начини за ослободување од стресот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар