11 брутални вистини за врските што повеќето мажи не можат да ги прифатат

11 брутални вистини за врските што повеќето мажи не можат да ги прифатат

Љубовните врски не се воопшто лесни. Тие се комплицирани, збунувачки и деликатни. Мора обајцата партнери да бидат подеднакво посветени за да успее врската, а тоа е навистина тежок предизвик. За жал, современото општество уште повеќе ги отежнува работите. Сите се обидуваме да си го сочуваме егото на социјалните мрежи и комплетно губиме контакт со нештата за коишто вреди да се бориме. Иако и мажите и жените се виновни за распадот на врските, редно време е момците да се соочат со реалноста и да ги прифатат следниве 11 брутални вистини за љубовта…

11 брутални вистини за врските што повеќето мажи не можат да ги прифатат

1. Не може цело време да биде совршено

Врските никогаш нема да бидат совршени. Розите нема да ви цутат постојано и ќе дојде времето кога ќе треба да ги извадите розовите очила да се соочите со реалноста. Секоја врска минува низ одредени проблеми и доколку не можете да го прифатите тоа, тогаш никогаш нема да имате успешен љубовен живот.

2. Мора постојано да се трудите

Во денешно време, мажите веднаш се откажуваат од врските ако забележат дека работите не одат онака како што очекувале. Мора да сфатите дека врските никогаш не ни одат во прилог, туку сѐ се врти околу правењето компромис. Ако не сте подготвени да ги истраете тешките периоди, никогаш нема да уживате во убавите моменти од врската.

3. Вашата девојка не е ваша сопственост

Мажите знаат да бидат многу посесивни за некои работи одвреме-навреме и тоа е сосема природно. Но, тоа не значи дека не треба да се борите против овој порив. Вашата девојка не е ваша сопственост и немате право да донесувате одлуки во нејзино име. Престанете да се однесувате со неа како да ја поседувате и третирајте ја како рамноправно човечко суштество, а не како слугинка.

4. Намалете ги вашите очекувања

Сите луѓе ги почнуваат врските со големи очекувања кои не можат да бидат исполнети. Но, врските не се вртат околу нештата што сметате дека треба да ги добиете. Врската ви овозможува да имате човек покрај вас кој ќе ви помага и ќе ве сака. Не очекувајте од партнерките да ве третираат како нивни господари. Ценете ги и почитувајте ги без разлика дали ги исполниле вашите нереални очекувања.

5. Ќе добиете онолку колку што ќе дадете

Мажите денес очекуваат многу од нивните партнерки, а даваат малку. Но, работите не одат баш така. Треба да давате онолку колку што добивате. Не очекувајте од партнерката да ги разбира вашите проблеми, ако вие постојано ги игнорирате нејзините.

11 брутални вистини за врските што повеќето мажи не можат да ги прифатат

6. Нема да испадне онака како што сте планирале

Ништо не можете да планирате во животот. Животот е комплициран и променлив. Немаме контрола врз работите што ни се случуваат, а истото важи и за врските. Никогаш ништо нема да испадне онака како што сте си го замислиле во главата.

7. Кажувајте го она што го мислите

Ако чувствувате нешто, кажете им го тоа на вашите партнерки. Нема да можете да ги решите проблемите, ако не им дадете до знаење дека постојат. Мора да го кажувате она што го мислите, во спротивно вие ќе бидете виновни поради тоа што не сте ги изразиле вашите грижи тогаш кога требало.

8. Не кажувајте работи што не ги мислите

Без разлика колку сте лути и колку ве повредила саканата, постои тенка граница помеѓу работите што ги кажувате во лутина и работите што навистина ги мислите. Мажите многу често кажуваат навредливи зборови кога се лути и потоа бараат прошка. Но, работите не одат баш така. Нареден пат кога ќе се скарате со партнерката и ќе сакате да ја повредите со зборови, размислете што ве довело до таа ситуација. Тоа е најважно.

9. Мора да заборавите на гордоста

Гордоста само може да ги уништи врските. Гордоста е лажно чувство и мора да научите кога треба да си го погазите егото. Најважно е да бидете тука за личноста која ја сакате.

10. Мора прво да се сакате себеси за да можете да сакате некој друг

Пред да се вљубите во некого, мора прво да научите да се сакате себеси. Мора да знаете како да се грижите за себе и да се цените пред да почнете да се грижите за вашата сакана. Таа ве сака такви какви што сте, а и вие треба да го правите истото за да успее врската.

11. Не е добро да имате многу партнерки

Мажите денес ја градат својата самопочит со помош на бројот на сексуални партнерки. Момците кои сакаат прво да остварат емоционална поврзаност пред да започнат со физички односи се сметаат за слабаци. Но, со текот на времето ќе сфатите дека колку повеќе партнерки имате толку полошо.

Доколку сакате да го подобрите односот со партнерите, прочитајте ја и следнава едноставна љубовна вистина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар