10 знаци кои со сигурност покажуваат дека сте заљубени во добар маж

Сигурно некогаш сте се запрашале дали сте заљубени во добар маж. Постојат многу работи кои мажите ги прават, врз основа на кои вие добивате слика дека тие се добри. Сепак, често се случува да погрешите во проценката, и тоа е нормално, затоа што некои мажи знаат да бидат неискрени и манипулативни.

2.10-nachini-koi-pokazhuvaat-deka-ste-zaljubeni-vo-dobar-mazh-kafepauza.mk

Ако сте имале такви искуства, не грижете се. Било – поминало, имате лекција и искуство кои ќе ви служат во иднина, но ако сакате подетално да дознаете каков маж е навистина добар маж, прочитајте ги овие 10 знаци кои сигурно покажуваат дека мажот е добар.

1. Тој ја поседува својата моќ

КВАЛИТЕТНИОТ МАЖ стои цврсто зад своите одлуки. Тој го балансира своето време во зависност од своите приоритети. Тој е исклучително посветен на секоја негова улога, било тоа да е љубовниот партнер, улогата на татко, работник или некоја друга. Ги прифаќа одговорностите за своите постапки и никогаш не ги обвинува ниту забошотува своите обврски.

2. Тој применува директна и искрена комуникација

МАЖОТ КОЈ ВЕ ПОЧИТУВА ќе ви ја довери вистината. Со него знаете точно на што сте. Не ве лаже и не ве манипулира. Тој е самоуверен во неговата способност за продуктивна комуникација која вклучува емоции. Бара решенија за проблемите без никакви пасивно-агресивни испади или расправии во кои би ја покажувал својата моќ. Тој се однесув трпеливо и сочувствено, знаејќи дека тоа е најцврстото стојалиште на кое треба да се постави во врската.

3. Тој прави да се чувствувате безбедно во неговото присуство

МАЖОТ КОЈ НА ВАС ГЛЕДА РАМНОПРАВНО, сака да се чувствувате безбедно. Тој ги надминува своите граници за да биде сигурен дека вашите потреби се исполнети. Никогаш не ве заплашува и не се поставува насилнички кон вас. Исто така, никогаш нема да ве деградира со погрдни имиња или да зборува за вас со други. Ваквото однесување е непознато за него. Тој ги почитува вашите потреби и не ве осудува. Тој сака да ја чувствувате неговата љубов.

4. Тој е кавалер затоа што навистина се грижи, не затоа што е обврзан

СИГУРНИОТ МАЖ сака да ве разгали со љубов, но не затоа што луѓето мислат дека треба. Тој верува во вашите способности да се грижите за себе, но го исполнува кога прави работи со кои ви покажува дека се грижи за вас. Тој несебично ви го подарува своето внимание, не само кога вие тоа ќе го побарате или кога нему му одговара. Не го интересира како работите изгледаат за другите, туку се фокусира на тоа како вие ја чувствувате љубовната врска.

1.10-nachini-koi-pokazhuvaat-deka-ste-zaljubeni-vo-dobar-mazh-kafepauza.mk

5. Тој ја прифаќа, но не ја очекува вашата грижа

ЦВРСТИОТ МАЖ е длабоко благодарен за сето она што вие го правите за него. Тој ништо не очекува, но ја прифаќа вашата грижа како акт на љубов. Тој ве гледа како партнер, а не како цимер или мајка или како личен асистент. Тој го бара она што му треба од вас верувајќи дека и вие ќе го побарате од него она што вам ви е потребно. Тој е сосема способен да се грижи за себе, но благодарно ја прифаќа поддршката која вие му ја давате.

6. Тој напорно работи, но знае и добро да се забавува

ГРИЖЛИВИОТ МАЖ ги знае своите граници и знае како да ја одржува својата добросостојба. Тој дава сè од себе на работа и за семејството, но знае и кога треба да се забавува. Добро го третира своето тело. Гневот нема место во неговиот живот, затоа што тој простор го исполнува со здрави навики. Тој зрачи со позитивна енергија и ја вреднува забавата.

7. Тој ги цени вашите способности, дури и кога самите не можете

САМОУВЕРЕНИОТ МАЖ не е загрозен од вашите способности, ниту ги обезвреднува. Всушност тој гледа позитивно на вашиот потенцијал. Никогаш не ве споредува или осудува. Тој ја задржува неговата претстава за вашиот потенцијал дури и кога вие се чувствувате обесхрабрени или исцрпени. Тој се воодушевува и ги слави вашите успеси.

8. Тој ве прашува за дозвола

ОБЅИРНИОТ МАЖ не кажува, тој прашува. Го почитува вашето мислење, ги проценува вашите размислувања и сериозно ги сфаќа вашите чувства. Тој е одлучен, но не одлучува самиот за двајцата. Тој се обидува да го задржи фокусот на вашите заеднички цели и визии. Неговото барање за дозвола значи еднаквост во вашата врска.

9. Тој слуша

ВНИМАТЕЛНИОТ МАЖ ви остава простор и време за да можете да ги споделувате работите со него. Тој искрено ужива слушајќи ги вашите размислувања и сфаќања. Постојано е љубопитен и страстен за да разбере како ви се одвиваат работите. Тој со задоволство придонесува во вашите разговори, но исто така одвојува време и да ве сослуша. Ве слуша со леснотија и со љубов, не поради обврска.

10. Тој храбро љуби

МАЖОТ ПОЛН СО ЉУБОВ ја прифаќа ранливоста. Тој ги изразува своите чувства великодушно со цел континуирано да го храни вашиот дух. Остварува контакт со очи. Редовно ги споделува своите чувства преку зборови и дела. Со мир и стабилност, тој постојано ви го подарува неговото срце, одново и одново. Тој е безрезервен во изразувањето на неговата љубов и има доверба дека вие ќе му ја возвратите љубовта.

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар