10 знаци кои покажуваат дека сами си ги создавате проблемите со парите

Дали имате проблем со вашите финансии? Дали не успевате да застанете на нозе колку и да се обидувате? Ако сте пробале сè, но ништо не помогнало, можеби вие самите си ги создавате проблемите. Кога ќе се најдете во ваква ситуација, добро размислете како сте се справувале со вашите пари. Погледнете ги 10-ти начини на кои самите се спречувате да ги постигнете вашите финансиски цели.

1. Се обидувате да држите чекор со пријателите

(1)10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-sami-si-gi-sozdavate-problemite-so-parite-kafepauza.mk

Можеби им завидувате на пријателите, семејството или на колегите за животот кој го имаат. Но, работите не се секогаш такви какви што изгледаат. Можеби вашите пријатели живеат позајмен живот. Денес е лесно да ја користите кредитната картичка, а со тоа само го зголемувате вашиот долг. Немојте да ги следите другите и да се задолжувате за да докажете нешто. Живејте за себе.

2. Дозволувате емоциите да владеат со трошењето пари

(2)10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-sami-si-gi-sozdavate-problemite-so-parite-kafepauza.mk

Нашите чувства секогаш ги прават искуствата побогати и подлабоки. Но, емоциите можат да имаат и негативно влијание, особено кога станува збор за пари. Емоционалното трошење може да ви направи многу проблеми и да ви создаде долг кој не ќе можете да го исплатите. Една анкета покажала дека 49% од испитаниците потрошиле пари за работи кои не можеле да си ги дозволат поради нивните емоции.

3. Одложувате

Man Napping on a Couch

Никој нема да ви ги среди финансиите освен вие. Сè додека не се одлучите да ги средите вашите пари, вие само ќе тонете во долгови. Сега е моментот кога треба да расчистите со овие работи, не утре, не следната недела и не кога ќе ви ја зголемат платата.

4. Позајмувате пари на секому

(4)10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-sami-si-gi-sozdavate-problemite-so-parite-kafepauza.mk

Ако се одлучите да позајмите пари, бидете подготвени никогаш да не ги видите. Најчесто луѓето кои позајмуваат пари не ги враќаат. А кога ги враќаат, многу често не ја враќаат целата сума. Едно истражување покажало дека луѓето кои земаат пари на заем го гледаат тоа како подарок. Па, пред да позајмите осигурете се дека можете да си дозволите да не ви ги вратат парите. Исто така, треба да знаете дека немате должност да позајмувате пари кога некој ќе ви побара.

5. Финансиско неверство

(5)10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-sami-si-gi-sozdavate-problemite-so-parite-kafepauza.mk

Дали криете трошоци од вашиот партнер или пак ја криете вашата деструктивна финансиска навика? Ако имате зависност од купување или пак проблем со коцкање, а ова го криете од партнерот, вие не му дозволувате да ви помогне. Доколку сте во ваква ситуација, најдобро е да му кажете на партнерот за да можете уште веднаш да почнете со средување на проблемот.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар