10 знаци кои покажуваат дека го жртвувате вашето здравје заради работата

10 знаци кои покажуваат дека го жртвувате вашето здравје заради работата

Понекогаш, во текот на работната недела ни се насобира толку многу стрес, така што кога ќе пристигне петок едноставно „прегоруваме“ и целиот викенд го поминуваме во пижами, јадејќи што било ќе најдеме и гледајќи телевизија. Но, и кога ќе дојде време за годишен одмор, стресот е толку јак што дури ни за време на одморот не можете да се опуштите. Затоа, обрнете внимание на овие знаци кои покажуваат дека го жртвувате вашето здравје заради работното место.

1-10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-go-zhrtvuvate-vasheto-zdravje-zaradi-rabotata-www.kafepauza.mk_

Секој мора да работи бидејќи на тој начин ние се одржуваме себеси, нашето семејство, односно ги задоволуваме нашите потреби со цел да бидеме среќни и исполнети. Сепак, статистиките покажуваат дека е исклучително опасно кога не можете да се исклучите после работното време и кога не го сфаќате фактот дека предолгата работа лошо влијае на вашето здравје и доведува до неурамнотежен живот. Ова се неколку знаци кои покажуваат дека можеби работите повеќе од потребното:

1. Здравствени проблеми

Болестите може да се појават и во распон од претежно незабележани психички проблеми, па се до други физички проблеми, како што е дебелеењето. Или јадете премногу или пак премалку. Вашите зглобови станале премногу цврсти што речиси и не можете да си дозволите некои вежби со појак интензитет.

2. Когнитивни проблеми

Забележувате лошо помнење. Некој ви кажал нешто пред само неколку минути, а вие веќе сте заборавиле што тој точно ви кажал.

3. Полоши меѓучовечки односи

Сте го запоставиле односот со вашето семејство и пријателите. Имате многу малку време кое можете да го поминете со нив. Кога кончено ќе најдете доволно време за да излезете со семејството или пријателите надвор или на ручек, вашиот загрижен ум не може да престане да мисли на работата. Таквиот стрес поттикнува еден вид бариера помеѓу вас и вашите најмили.

4. Недовршената работа ја носите во вашиот дом

Со зголемената количина на работни обврски повеќе не можете да го разликувате работното време од слободното време. Не можете да престанете да размислувате за вашата работа, дури иако сте на одмор.

3-10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-go-zhrtvuvate-vasheto-zdravje-zaradi-rabotata-www.kafepauza.mk_

5. Чувствувате константен замор

Наутро тешко се будите, премногу се потпирате на кафето, потешко се концентрирате. Започнувате да се чувствувате како да сте остареле барем 10 години во текот на една година.

6. Повеќе ви доминираат негативните мисли

Вашиот мисловен процес е вознемирен и под стрес. Може да ве иритираат и мали работи, иако не сакате да бидете такви.

7. Пониско ниво на задоволство

Можеби ви станува сè потешко да почувствувате задоволство во работите во кои некогаш со задоволство сте уживале. Тие работи повеќе ја немаат својата боја и понекогаш започнувате да се сомневате во смислата на вашиот живот.

8. Многу лесно се фрустрирате

Сега многу лесно и брзо се фрустрирате и тоа во многу работи.

2-10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-go-zhrtvuvate-vasheto-zdravje-zaradi-rabotata-www.kafepauza.mk_

9. Слаба ефикасност на работното место

Вашата професионалност и стручност повеќе не се на највисокото ниво. Вие и понатаму се обидувате, но резултатот повеќе не е ист како претходно, бидејќи вашето тело не може повеќе да го следи истото темпо на работа.

10. Послаба самоконтрола

Можеби ќе се „уловите“ како лесно се предавате на другите работи, бидејќи чувствувате замор и стрес.

4-10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-go-zhrtvuvate-vasheto-zdravje-zaradi-rabotata-www.kafepauza.mk_

За жал, стана правило, некој од вашето семејство или некој пријател да ви се јави и да ви каже дека „заглавил“ на работа и нема да стигне на време. Постојат неколку причина за тоа, а притисоците овде играат важна улога. Бидејќи, започнувате да чувствувате грижа на совеста доколку заминете на крајот од вашето работно време, а ви останале уште многу работи за доработување. Чувствувате вина додека останатите работници се на соите работни места, а вие се подготвувате да заминете дома.

За да го избегнете тоа, секогаш мора да бидете свесни за своите права. Доколку сте се согласиле и сте се договориле да работите до одредени точки, тогаш работете до тогаш и потоа напуштете го работното место за тој ден. Сè е вежбање. Тоа е работа за која сте вработени и вие ја извршувате, ако понекогаш сте пренатрупани со работа која не можете да ја извршите во некое одредено време, таа додатна работа би требало да биде договорена однапред, а не во текот на работниот ден. Вие не правите ништо лошо, поточно, се заземате за себе.

Обидете се на поразличниот начин отколку на потешкиот

Ако премногу се вложувате на работата, тогаш престанете да уживате во неа. Иако понекогаш не ја сакаме нашата работа, не би требало да ја мразиме. Наместо самите да се тргате и да се туркате појако, обидете се поразлично. Испробувајте различни методи на работа, наместо да трошите премногу време на работното место. Поставете си одредени цели. Наместо да кажете „Останувам на работното место додека не го завршам ова“, можете да кажете, „Сега ќе ги завршам потешките делови, а полесниот дел ќе го сработам утре“. Тоа ќе биде поттик да го завршите и овој тежок ден, а ќе можете и да уживате во своето слободно време и да го намалите стресот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар