10 знаци кои покажуваат дали вие и вашиот партнер сте компатибилни во кревет

10 знаци кои покажуваат дали вие и вашиот партнер сте компатибилни во кревет

Колку долго би требало да водиме љубов? Колку често? Како да знаеме дали сме еден за друг? Нè интересираат исти филмови, музика, книги, места за излегување, но ако во креветот не се согласувате, тогаш не е добро. Затоа ви откриваме како да дознаете дали сте совршен пар и помеѓу чаршафите.

1-10-znaci-koi-pokazhuvaat-dali-vie-i-vashiot-partner-ste-kompatibilni-vo-krevet-www.kafepauza.mk_

1. Вашиот секс е спонтан. Не морате со часови однапред да планирате дали ќе дојде до секс пред спиење или прво ќе зготвите вечера, ќе испиете некоја чаша вино, ќе изгледате романтичен филм, па дури потоа… Не, вие сте толку луди еден за друг што спонтано ќе водите љубов неколку пати неделно – во бањата, на машината за алишта, во подрумот… во секое време и на секое место!

2. Имате еднаков ритам. Вашите движење за време на водењето љубов совршено се совпаѓаат. Нема неудобно судирање или непрецизни движења. Вашата љубов е во совршен ритам.

3. Двајцата сакате повеќе различни позиции. Вклучени сте во тоа и знаете што најдобро ви одговара.

4. Телевизорот скоро никогаш не е вклучен. И тоа најчесто токму заради причината што сте загреани еден за друг, па досадната програма само ви пречи.

5. Двајцата се возбудувате истовремено и на исти работи. Вашите страсни циклуси се во совршена хармонија. Тоа е феноменална претпоставка за многу добар секс.

6. Ако не сте доживеале оргазам, вашиот партнер после неговиот врв секогаш ќе се обиде целосно да ве задоволи. Всушност, му се допаѓа сето она што ви се допаѓа и вам.

7. Се шегувате и во креветот. Ако за време на сексот се случат некои „мали неудобности“, заедно ќе се насмеете. Меѓу вас нема неудобно молчење или непотребни препреки.

8. Двајцата се чувствувате добро во своето тело. Ако некој од вас не се чувствува 100% задоволно со своето тело, тешко дека ќе почувствувате страстен, добар секс. Заради тоа е важно да му бидете поддршка на партнерот и постојано да му говорите колку фантастично изгледа.

9. Еднакво сте необични во креветот. Дали е потребно дополнително да објаснуваме? Ако и двајцата сте подготвени на малку „зачинет“ секс, не може никако да ви биде лошо.

10. Подготвени сте на експериментирање. Секако дека врвот на сексот не е мисионерската поза. Ако и двајцата сте подготвени да испробате нешто ново, тоа може многу да го подобри вашиот сексуален живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар