10 знаци дека вистински е заинтересиран за тебе

Автор: Бојана Мандевска

Запозна интересен тип. Можеби подолго време ти се допаѓа некое момче од соседството или во мислите ти е оној кој седи пред тебе на предавањата или пак се интересираш за некој твој познаник/пријател со кој се познавате и дружите одамна. Се среќавате случајно, излегувате и се дружите со исти личности, идете на исти места, дури и бевте излезени насамо. Но сепак, не знаеш на што си и дали тој навистина е заинтересиран за тебе. Еве неколку знаци кои укажуваат на тоа:

10 знаци дека вистински е заинтересиран за тебе

1. Навален е кон тебе – Дали машкото е заинтересирано за тебе, тоа може да се забележи по начинот на кој тој застанува или седи кога си во негова близина. Ако неговото тело е благо навално кон тебе, тоа е знак дека сака да ти се приближи.

2. Неговите очи светат – Една стара поговорка вели „очите се огледало на душата“. Доколку тој е навистина заинтересиран за тебе, неговиот поглед ќе биде фокусиран на тебе, а очите ќе му добијат некаков посебен сјај кога ќе бидеш во неговиот видокруг. Доколку и ти си заинтересирана за него, возврати му на погледот и прати му нежна насмевка.

3. Допир – Доколку тој е заинтересиран, ќе стори сè за да биде во твојата непосредна близина. Ќе ги сака и ќе ужива во оние нежни и „случајни допири“. Допирите по раката, косата, коленото се знак дека му допаѓаш.

10 знаци дека вистински е заинтересиран за тебе

4. Станува дел од твоето опкружување – Доколку многу често почнете да налетувате еден на друг, тоа е или игра на судбината или пак тој се обидува да се поврзе со тебе. Почнуваш да го гледаш на места на кои дотогаш воопшто не се појавувал, на пример почнува често да доаѓа во твоето омилено кафуле, читалната. Доколку и ти си заинтересирана за него, искористи ги овие средби и договорете го вашиот следен заеднички „судир“.

5. Добар слушател – Целото негово внимание додека сте излезни заедно ти го посветува тебе, внимателно те слуша и ги запаметува дури и деталите од вашите меѓусебни разговори. Заинтересиран е за тебе и сака да ги дознае сите работи кои ги кажуваш, ситниците кои ти се допаѓаат и работите кои ти пречат.

10 знаци дека вистински е заинтересиран за тебе

6. Се согласува со твоите избори – Не му пречи да гледа филм кој ти си го избрала, не му пречи ако заглави со тебе во шопинг, не се жали за изборот на местото каде ќе ручате заедно. Едноставно ги прифаќа работите кои тебе ти се допаѓаат. Ова се многу позитивни реакции кои покажуваат за неговите искрени намери кон тебе.

7. Се смее на твоите шеги – Не си добра во кажувањето вицеви, правењето шеги, а тој сепак се смее на нив. Тоа значи дека го почитува твојот труд и ти дава на знаење дека и покрај овој мал недостаток, сепак му се допаѓаш и си кандидатка за која тој има посериозни намери.

10 знаци дека вистински е заинтересиран за тебе

8. Нервозен е – Ако тој е заинтересиран за тебе, ќе забележиш дека одеднаш станува нервозен, возбуден, почнува забрзано да дише, почнуваат рацете или гласот да му треперат. Возрасните личности, а особено машките сакаат своите емоции да ги држат под контрола, не сакаат неочекувани емоционални испади. Па затоа, доколку тој почне да станува нервозен или возбуден во твоја близина, во одреден момент за да го сокрие тоа, може и неочекувано да замине од местото. Биди фина и потруди се да го опуштиш и верувај ќе ти биде благодарен за тоа.

9. Почнува да се отвора – Мажите и жените се различни. Таа е вербална, тој не. Таа е водена од длабоки емоции, додека пак тој е визуелно суштество. Жените сакаат јасно да ги изразуваат своите емоции, тие се рационални суштества и не се срамат да заплачат, додека пак мажите се постегнати и не така лесно ги искажуваат своите чувства. Па, доколку тој почне да се отвора и да ги покажува своите емоции, да раскажува за одредени емотивни моменти од неговиот живот, сфати го тоа како многу позитивен знак и голем напредок во вашиот однос.

10 знаци дека вистински е заинтересиран за тебе

10. Те држи блиску до себе – Можноста да се случи романса е збир од меѓусебната физичка и емоционална привлечност. Доколку тој почувствува емоционална поврзаност со тебе и забележи дека имате заеднички желби и интереси, ќе сака и ќе се труди да биде со тебе. Ќе те чува близу до себе, ќе се грижи и ќе ја користи секоја прилика да те види, да седне блиску до тебе, да те допре… Ќе стори сè што е потребно за што подолго да бидеш блиску до него. Искористи го ова и возврати му на истиот начин.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар