10 знаци дека вие сте им омилената тетка на вашите внуци

Децата обожаваат кога возрасните членови од семејството им обрнуваат внимание. Дури и ако немате свои деца, тоа не значи дека не можете да им бидете пример за одговорност на вашите внучиња, додека истовремено сте и нивниот најголем извор на забава. Пробајте да се пронајдете во следниве 10 знаци и дознајте дали вие сте омилената тетка на вашите внуци и внуки…

10 знаци дека вие сте им омилената тетка на вашите внуци

1. Разговарате со нив како да се возрасни

Децата обожаваат кога луѓето им се обраќаат како да се возрасни, а не како да се бебиња. Тоа што се мали и неискусни, не значи дека не се интелигентни. Вие го знаете тоа и секогаш разговарате со нив како со рамноправни членови на семејството.

2. Им ги раскажувате срамните моменти од животот на нивните родители

Вие ги споделувате со вашите внуци сите незгоди кои нивните родители ги преживеале во основно училиште. Им покажувате фотографии од детството без да се плашите дека ќе ги исмејуваат вашите модни избори и фризури.

3. Им подарувате совршени подароци

Најдобрите тетки не ја прашуваат продавачката кој подарок е најсоодветен според возраста на детето. Тие внимателно ги слушаат желбите и интересите на нивните внучиња и одбираат подароци кои се совршени за нив, без разлика дали станува збор за некоја друштвена игра, книга или играчка.

4. Ги носите на концертите на нивните омилени музичари или на спортски натпревари

Можеби не сте големи љубители на музиката на Џастин Бибер, но тоа не значи дека не би купиле карти за неговиот концерт и не би им пружиле можност на вашите внуци да се забавуваат како никогаш дотогаш.

5. Одбирате да се дружите со нив и покрај тоа што има и други возрасни

Најдобрите тетки седат во друштво на нивните внучиња и разговараат за секојдневни работи, дури и тогаш кога има и други возрасни околу нив.

10 знаци дека вие сте им омилената тетка на вашите внуци

6. Им помагате околу дотерувањето

Вие секогаш ги лакирате ноктите на вашите внуки и им ги давате најдобрите совети за да се ослободат од акните. Вашиот внук прво вас ве прашува дали ви се допаѓа неговиот избор на облека, па потоа сите останати бидејќи вие едноставно можете да разговарате за сѐ.

7. Редовно им праќате разгледници од одмор

На овој начин им покажувате на вашите внучиња дека ви недостасуваат и покрај тоа што сте отишле на одмор. Притоа, вашите разгледници се директно упатени кон вашите внуци, а не кон целото семејство.

8. Постојано контактирате на Фејсбук

Најдобрите тетки ги имаат нивните внуци како пријатели на Фејсбук и постојано контактираат со нив, разменуваат слики, текстови и смешни видеа.

9. Си праќате СМС пораки

Не мора да ѝ се јавите на нивната мајка за да дознаете што се случува во животот на вашите внучиња. Го имате нивниот број на телефон и го користите секогаш кога ќе посакате.

10. Им ги покажувате игрите од вашата младост

Технологијата е супер, но ваша должност е да ги запознаете вашите внучиња и со игрите од вашата младост како што се плочка, ластик, граница и слично. Има ли нешто подобро од забавна игра на отворено?

Прочитајте ги и овие 11 работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријатели.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар