10 знаци дека вашиот партнер ве смета за најзабавната личност на светот

Смеата е многу важен елемент во љубовните врски. Освен што го продолжува животот, заедничкото смеење може да го продолжи и траењето на врската. Партнерите кои можат да се засмеат меѓусебно се среќни, вљубени, исполнети и задоволни. Смеата може да ви помогне да ги пребродите најтешките моменти и да останете заедно без оглед на сѐ. Прочитајте ги овие 10 знаци за да дознаете дали вашиот партнер ве смета за најзабавната личност на светот…

10 знаци дека вашиот партнер ве смета за најзабавната личност на светот

1. Постојано ги прераскажува вашите смешни приказни на неговите пријатели. Иако е очигледно дека ним не им е толку смешно колку на вас, вашиот партнер смета дека вашите приказни се доволно смешни и интересни за да ги сподели со сите луѓе што ги знае.

2. Имате многу интерни шеги. Сите парови имаат интерни шеги, но вие двајца имате толку длабока и разновидна мрежа од шеги што потребен е речник за да се објаснат сите. Можете да се смеете со часови за работи што на другите воопшто не им се смешни.

3. Ви дозволува вие да ги одбирате комедиите кога гледате филмови. Вие не само што имате добра смисла за хумор туку и знаете да препознаете кога нешто е смешно. Со оглед на тоа, кога сте расположени за гледање комедија, вашиот партнер ви го остава изборот вам. Тоа е голем притисок, но сѐ уште го немате разочарано.

4. Толку многу го имате насмеано што сте сакале да повикате брза помош. Лицето му станало црвено, не можел да дише а вие сте го гледале прашувајќи се дали човек навистина може да умре од смеење.

5. Не ви треба музика на долгите патувања. Наместо тоа, тој обожава да ве слуша вас и вашите приказни. Тоа е исто како да сте стенд-ап комичари и имате настап во автомобил.

10 знаци дека вашиот партнер ве смета за најзабавната личност на светот

6. Почнал да ги користи вашите фрази. Вашите зборови и реченици станале дел и од неговиот речник бидејќи му се многу звучни и забавни.

7. Понекогаш кога ќе кажете шега пред група луѓе, тој е единствениот што се смее. Или навистина му било смешно или ве смета за генерално забавни па се смее автоматски додека ве слуша.

8. Кога има лош ден, тој едвај чека да стигне дома бидејќи знае дека ќе најдете начин да го развеселите. Вие знаете како да се шегувате на сметка на неговиот лош шеф, но и да дадете саркастичен коментар за глупостите што го мачат.

9. Повеќепати ви кажал дека сте родени стенд-ап комичари. Иако можеби никогаш не сте се замислувале како стенд-ап комичари, тој би ве поддржал кога би решиле да се занимавате со тоа и би бил вашиот најверен обожавател.

10. Ви има кажано дека ве смета за најзабавната личност на светот. Или ви ја кажува вистината или ве лаже. Сигурни сме дека не би биле во врска со лажго, така што најверојатно тој навистина го мисли тоа што ви го кажува.

Доколку сакате да ја подобрите вашата врска, прочитајте ги овие 4 начини на кои среќните парови остануваат среќни.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар