10 знаци дека тој ќе биде добар во кревет

Иако многумина не би поверувале, постојат многу знаци кои покажуваат дали тој е добар во кревет дури и ако никогаш не сте го виделе на дело. Овие нешта укажуваат на добар љубовник, па ако сте љубопитни продолжете да читате.

10-znaci-deka-toj-kje-bide-dobar-vo-krevet

1. Сака да знае како се чувствувате

Ве прашува како ви поминал денот, како се чувствувате, што е тоа што ве прави среќни. Ако тоа го прави секојдневно, постои голема веројатност да биде исто толку заинтересиран за тоа што сакате а што не во кревет.

2. Знае каде да ве допре

Секој негов допир како да е однапред испланиран да ги испровоцира вашите ерогени зони. Истото очекувајте го во кревет.

3. Прави да се чувствувате полни со самодоверба

Ве третира како да сте најубавото и најсекси суштество на светот. Ако ви влева толкава самодоверба ќе бидете помалку свесни за мааните на вашето голо тело, што ќе резултира со подобар секс.

4. Вреден е и амбициозен

Иако ова ви звучи смешно, ако тој е вреден и амбициозен секогаш ќе биде за акција наместо мрзеливо да лежи и секогаш ќе сака да поттикнува нови нешта и промени.

5. Добро игра

Знаеме, и ова ви звучи смешно. Но, оној кој игра добро и знае да се опушти додека игра, негува посебна страст и нема срам од своите чувства.

6. Воспоставува интензивен контакт со очи

Знае како да си игра и да освојува со очите. Самиот негов поглед прави да ви се затресат колената. Да, тој очигледно знае што прави.

7. Не избрзува

Не се обидува да ви ја пикне раката под блуза 10 секунди после поздравот. Тоа значи дека е воздржан, ненападен и веројатно ќе издржи многу подолго тогаш кога ќе биде потребно.

8. Не осудува

Не осудува често и прифаќа промени и различни мислења и сфаќања. Тоа значи дека е отворен за промени и на интимно поле.

9. Се чувствувате удобно во негово друштво

Не се плашите, не чувствувате потреба да се преправате. Ако нешто ви пречи и му кажете да прекине тој престанува. Многу е важно како се чувствувате во негово друштво и каква енергија пренесува, исто колку што е важно колку ве почитува и ги слуша вашите желби и потреби.

10. Самоуверен е

Што значи дека ќе биде слободен па и двајцата ќе се чувствувате убаво и удобно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар