10 знаци дека сте огорчени во љубовта

10 знаци дека сте огорчени во љубовта

Неодамна сте излегле од долга врска или пак сте биле одбиени и срцето ви било скршено, па сега не ви ни паѓа на памет повторно да се вљубувате и да бидете со некого? Можеби мислите дека сте силни и независни, но постои можност и да сте малку огорчени. Нема ништо потешко од тоа кога саканата личност во која сте верувале ќе ве повреди и изневери. И ако паднете во искушение да ја изговорите реченицата „Сите мажи се исти“, помислете уште еднаш и запаметете дека не се работи за сите мажи, туку само за тие неколку одредени. Не го сфаќајте тоа како трагедија, туку како лекција и можност за личен развој. Во ред е да се чувствувате изморени, осамени и нервозни.

10 знаци дека сте огорлени во љубовта

Се чувствувате посилни и тоа е супер, но морате да се запрашате: Дали станувате огорчени? Кога вашата другарка ви се пожалила за некоја обична ситница која ја направил нејзиниот партнер, дали вашиот инстинктивен одговор беше „Откачи го“? Дури и да сте го кажале тоа на шега, размислете зошто токму таа мисла е првата што ви падна на памет. Следниве 10 знаци ќе ви помогнат да откриете дали можеби сте почнале да заземате премногу огорчен и негативен став кога се работи за љубовта.

1. На сите веднаш им велите да прекинат со нивните партнери, дури и поради најмали грешки.

2. Кога ќе чуете за некој развод или раскинување, во себе си велите: „Знаев!“.

3. Додека гледате романтични комедии постојано упатувате саркастични коментари и не можете да си поверувате колку многу нереални глупости се прикажани како вистинити и возможни.

4. Кога ќе чуете дека некој ваш пријател се свршил, ги превртувате очите и престанувате да го следите неговиот Фејсбук профил.

5. Кога некој од вашето друштво ќе влезе во врска, почнувате да се обложувате за колку време ќе раскине.

10 знаци дека сте огорлени во љубовта

6. Единствената личност на која ѝ верувате кога ќе ви каже дека сте убави е вашата пијана пријателка, и тоа само кога и вие сте пијани.

7. Вашата возбудена бремена пријателка тврди дека нејзиниот сопруг ќе биде одличен татко, а вие на тоа се смеете и велите: „Да, да, сигурно. Со среќа“.

8. Некој ви кажува колку неверојатна спиритуална врска има со неговиот партнер и вам веднаш ви се слошува.

9. Кога некое згодно момче ќе ви го побара бројот, вие го прашувате: „Зошто?“.

10. Со гордост одговоривте потврдно на повеќето наведени прашања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар