10 знаци дека пријателите ви ја уништуваат врската

10 знаци дека пријателите ви ја уништуваат врската

Пријателите се навистина драгоцен дел од животот и благодарение на нив среќните моменти се секогаш повесели, а тагата секогаш побрзо поминува. Секако, сето ова важи доколку до нас имаме вистински пријатели кои искрено се грижат за нас. За жал, многу често се случува токму спротивното. Луѓето коишто ги сметаме за блиски започнуваат премногу да се мешаат во личните работи и на тој начин непотребно ги комплицираат односите со останатите луѓе во нашиот живот. Прочитајте ги знаците подолу и дознајте дали пријателите на некој начин ви ја уништуваат врската.

10 знаци дека пријателите ви ја уништуваат врската

1. Сметаат дека личноста со која сте во врска не е доволно добра за вас

Сигурно ви се случило да запознаете многу драга девојка или мил дечко коишто за кратко време ви станале многу симпатични, но вашите пријатели едноставно не можат да ги поднесат. Обично коментарите од ваков тип се навистина површни и обично се однесуваат на изгледот или на финансиската состојба и во тој случај со сигурност не се наменети за ваше добро. Парите се приватна работа, а изгледот на личноста со којашто планирате да излегувате важно е да ви се допаѓа вам и пријателите треба да го почитуваат тоа.

2. Вашите пријатели се цицачи на внимание

Постојано слушате поплаки дека премногу време посветувате на љубениот/та? Ве исмејуваат секогаш кога ќе изберете состанок со момчето наместо шопинг? Или уште полошо, пропуштен фудбалски натпревар поради вечера со девојката? Во никој случај не треба да го запоставиме другарството кога сме во врска, но тоа не значи дека пријателите не треба да бидат среќни кога ќе пронајдеме личност со која сакаме да го поминуваме времето. Баш напротив!

3. Не ја почитуваат личноста со која сте во врска

Доколку вашите другарки не можат да сврзат две реченици кога ќе ги запознаете со вашето ново момче тоа е непочитување спрема него, но и спрема вас. Изговорот дека немаат заеднички теми не важи, едноставно не сакаат да се потрудат. Од друга страна, кога вашите другари не можат да престанат да зборуваат за други девојки, да зјапаат во натпреварот на телевизорот или едноставно не можат да се воздржат од непристојни разговори во друштво на вашата девојка тоа не само што е непочитување, тоа е и некултура.10 знаци дека пријателите ви ја уништуваат врската

4. Постојано ве потсетуваат на минатите врски

Разговорите за бившиот/бившата можат да бидат непријатни и треба да се прават во четири очи: меѓу вас и сегашниот партнер. Нема никаква причина пријателите да споменуваат поранешни врски и тоа треба јасно да им го дадете до знаење.

5. Ви „местат“ други девојки/момчиња додека сте во врска

Освен ако не сте во врска со личност која е опасна по вашиот живот, ова не е во ред. Како што сте биле способни сами да најдете дечко/девојка, така сте способни да раскинете и да најдете нов/а доколку сакате.

6. Флертуваат со вашиот партнер

Без разлика дали првпат излегувате со личноста, дали имате отворена врска или сте заедно со години, пријателите треба да си ги знаат границите. Сегашни, бивши па и какви било други партнери на другарите/другарките се надвор од опсег!

7. Флертуваат со вас

Ова мора уште веднаш да го решите. Доколку постои личност во вашето друштво со која претходно сте биле во врска или можеби сè се сведувало на обичен флерт, тоа мора да го расчистите во истата секунда кога ќе влезете во нова врска.10 знаци дека пријателите ви ја уништуваат врската

8. Зборуваат лошо за вас

Можеби нема директно да кажат нешто лошо за вас, но шегите и однесувањето доволно зборуваат. Доколку го прават ова за да се покажат како главни во друштво, а вас да ве омаловажат, размислете дали да ги донесете девојката или дечкото наредниот пат со вас.

9. Знаат премногу ваши тајни

Долго време сте со вашите другари/другарки и знаете скоро сè едни за други, и тоа е во ред. Но во моментот кога ќе почувствувате дека вашите тајни не се безбедни кај нив, особено оние кои можат да ѝ наштетат на врската, мора да изреагирате. Не дозволувајте да ве уценуваат или да ви создаваат тензија особено поради нешто што веќе поминало.

10. Пријатели од спротивниот пол

Најдобро е да разговарате со девојката или момчето за тоа како се чувствуваат да имате најдобар пријател од спротивниот пол. Доколку се разговара навреме, тоа може да функционира нормално, но мора да бидете свесни за дополнителните проблеми кои може да ги донесе во иднина.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар