10 знаци дека некој е попаметен од вас

Освен доколку не мислите дека вие сте најпаметни во светот, сигурно сакате вашата интелигенција постојано да е во раст. Џејмс Гарднер, кариерен иноватор во голема корпорација, напишал 10 знаци според кои ќе препознаете дека некој е паметен. И покрај тоа што неговата намера со овој текст била делумно хумористична, сепак мора да признаеме дека има вистина во овие зборови.

10 знаци дека некој е попаметен од вас

1. Тие не зборуваат колку вас, бидејќи знаат дека станале паметни бидејќи слушале.

2. Тие знаат многу работи кои се надвор од нивната специјалност. Надарени се со широк, отворен ум, константно нахранет со стимулот да бидат заинтересирани за сето она што го прават другите луѓе.

3. Тие умешно „жонглираат“ со семејните, професионалните и личните интереси и никогаш не зборуваат за тоа колку е тешко да постигнеш баланс помеѓу работата и животот. И додека „жонглираат“ изгледаат како да се 100% посветени на тоа што го прават во моментот, симултано, на сите животни фронтови. Прават сè за да се осигурат дека нивниот живот е совршено избалансиран и спокоен.

4. Тие веројатно се активни на социјалните мрежи. Можеби не постојано, но веројатно сепак се активни. Не само што социјалните мрежи се уште една шанса да „слушаат“ внимателно, туку и ги користат за да се осигурат дека ќе го нахранат нивниот мозок со информации кои инаку не би допреле до нив.

5. Дури и кога работите одат кон лошо, тие се смеат. Паметните луѓе никогаш не се вознемируваат и муртат, бидејќи нивниот паметен мозок брзо им презентира алтернативни решенија уште пред да се случи проблемот.

10 знаци дека некој е попаметен од вас

6. Знаат дека најчесто се најпаметните во просторијата, но тие не си го губат времето чувствувајќи се така. Наместо тоа, за нив претставува вистински предизвик да видат дали можат да придонесат сите останати луѓе да бидат исто така, најпаметни во просторијата.

7. Доколку се менаџери, тие ќе ги вложат сите напори за нивните вработени да бидат попаметни, поповрзани и попопуларни од нив во тимот. Тоа не прави да се чувствуваат загрозени, бидејќи знаат дека интелигенцијата е синергична. Тие исто така сакаат да се осигурат дека нивните интелигентни вработени ќе изгледаат пред другите уште попаметно од нив, поради истата причина – соработка на бистри умови.

8. Тие имаат скриени способности, кои не излегуваат на површина сè додека не им притребаат. Не чувствуваат апсолутно никаква потреба да ги покажат нивните целосни способности, за да докажат дека се подобри од другите.

9. Можеби имаат завршено скапо образование, а можеби и немаат. Финтата е дека вие никогаш нема да го дознаете тоа само затоа што поминувате време со таа личност, освен ако не погледнете директно во нивното сиви.

10. Никогаш, во ниедна ситуација не прават да се чувствувате глупаво, дури и ако имаат вистинска причина да го сторат тоа. Тие имаат научено по пат на горко искуство дека единствената работа којашто се случува кога се трудиш да направиш некој да изгледа лошо, е да изгледаш и самиот лошо.

После овој текст сигурно добивте желба и вие да бидете едни од паметните луѓе нели?! А за да го постигнете тоа, ќе ви помогне еден екстра совет од мудриот Стив Џобс: „Остани гладен. Остани будалест.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Елена Reply

    Се пронајдов во скоро сите точки. Fuck yeah! 😀

Остави коментар