10 знаци дека не треба да ја прекинете љубовната врска

10 знаци дека не треба да ја прекинете љубовната врска

Во животот е многу полесно да ги оставите работите отколку да ги поправате повеќе пати. Многу од нас ѝ даваат предност на негативноста притоа тргајќи ги настрана позитивните емоции. Кога нешто лошо ќе се случи ние сакаме да ставиме крај на тоа во истиот момент! Но, никогаш не треба да брзате да ставите крај на љубовна врска или пријателство без да дадете сè од себе за да ги „поправите“. Еве 10 знаци кои ќе ви помогнат да откриете дали вашата врска вреди да се спаси.

10-znaci-deka-ne-treba-da-ja-prekinete-ljubovnata-vrska-kafepauza.mk

1. Присуство на сексуална хемија

За повеќето парови, досадниот сексуален живот не е нешто што го посакуваат и може да претставува проблем и за двајцата. Но оние од вас кои се караат, а имаат одличен сексуален живот треба добро да размислат! Вие можеби сте многу среќни што имате партнер кој создава прекрасна хемија помеѓу вас двајцата. Би требало да сте во можност да ги одржите работите интересни помеѓу вас.

2. Заедно сте подобри, посилни и поисполнети

Дали сте подобра личност која е инспирирана и среќна кога вашиот партнер е со вас? Дали вашата половина ве предизвикува и ве инспирира? Ако го давате најдоброто од себе кога сте со вашиот партнер, не треба да ја прекинете врската.

3. Вашиот партнер ги подржува вашите соништа

Кога ја напуштивте вашата обична работа за да станете пекар, а партнерот целосно ве поддржал, тоа е знак дека можете да изградите одлична заедничка иднина. Никогаш не напуштајте го партнерот кој ви дава поддршка.

4. Заедно сте изградиле нешто

Кога вие и вашиот партнер имате заедничка цел, како купување куќа или пак основање семејство, намерата би требало да ви биде да ги исполните тие цели. Не би требало да ја прекинете врската.

5. Ја сакате личноста која сте станале поради врската

Ако сте станале подобра личност поради врската и многу повеќе созревате, би требало да бидете среќни а не да ја жртвувате вашата врска поради безначајни караници и недоразбирања.

6. Вашите проблеми во врската се инцидентни и лесно се решаваат

Многу често несогласувањата лесно се решаваат и вие повеќе се справувате со потешкотии кои се надвор од врската, како финансиските проблеми или оние поврзани со семејството. Би требало некои од овие работи да ги тргнете настрана и да останете прибрани.

7. Сè уште сте подготвени на компромис и на заедничка работа

Една од најважните работи во врската е компромисот и способноста да ги препознаете вашите потреби. Може да жртвувате некои задоволства за доброто на врската.

8. Секогаш има подеми и падови, но подемите се побројни

Може да поминувате низ тежок период, но добрите времиња доаѓаат и добрите сеќавања секогаш ги надминуваат лошите.

9. За време на падовите во вашиот живот, сепак се сакате

И покрај тешкотиите во животот, ако темелите на љубовта се силни не би требало да им се препуштите на притисоците кои ви ги создава животот.

10. Не сте подготвени да ставите крај

Ова е едноставен аспект за кој треба да се размисли. Можеби не можете да се замислите сами бидејќи љубовта е премногу силна. Ова е најсилната причина за да не ја прекинете врската.

Прочитајте и кои прашања треба да си ги поставите пред да ја прекинете врската.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар