10 здрави и вкусни идеи за овесна каша

Овесната каша е еден од најздравите оброци кои постојат. Тоа е нискокалоричен, а истовремено многу хранлив оброк, кој не може да ви здодее затоа што постојат безброј варијанти во кои може да се приготви. Ако ви недостасуваат идеи, потопете го овесот во млеко или јогурт, а потоа применете некоја од овие кои ние ви ги предлагаме.

Две мали или едно големо јаболко и мала лажица цимет

10 здрави и вкусни идеи за овесна каша

Две лажици путер од кикирики со една голема или две помали банани

10 здрави и вкусни идеи за овесна каша

Неколку јагоди, една рака исечкани бадеми и малку цимет

10 здрави и вкусни идеи за овесна каша

Капини, малини, боровинки или некое слично овошје, сок од половина лимон и неколку ливчиња нане

10 здрави и вкусни идеи за овесна каша

 Ситно исечкани парчиња ананас и неколку ливчиња нане

10 здрави и вкусни идеи за овесна каша

Две лажици путер од кикирики и неколку зрна грозје

10 здрави и вкусни идеи за овесна каша

Две лажици какао, мали парчиња чоколадо со најмалку 70% какао, една банана и малку ванила

10 здрави и вкусни идеи за овесна каша

Една рака јаткасти плодови, една рака сушено овошје, една лажица какао

10 здрави и вкусни идеи за овесна каша

Ситно исечкани парчиња ананас и две лажици кокос

10 здрави и вкусни идеи за овесна каша

Неколку кајсии, една рака јаткасти плодови, лажица мед и малку цимет

10 здрави и вкусни идеи за овесна каша

Во приготвувањето на овесната каша можете да употребите какво било свежо овошје, сушено овошје, какви било јаткасти плодови и да додадете семки по ваш избор. Сè што ќе ви падне на ум можете да го претворите во овој здрав и вкусен оброк. Ако веќе имате некоја вкусна идеја споделете ја со нас во коментарите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Ina Reply

    Odlicni idei. Jas ovesnata kasa ja pravam so bademovo ili orizovo mleko i dodavam leneni semki, lazica med i bilo kakvo sezonsko ovosje, odnosno ona sto vo momentot ke mi se najde pri raka. Malku poinakvo (vkusno i zdravo) iskustvo e oves vo supa ili pak oves (predhodno svaren) so zelencuk i potpecen vo tavce.

Остави коментар