10 заблуди за здравата исхрана на кои мора да почнете да внимавате

Постојат илјадници таканаречени експерти кои постојано нè советуваат што треба да јадеме, а што не и токму затоа понекогаш е навистина тешко да се одреди кои се вистинити, а кои не. Па, доколку сакате да се заштитите, погледнете ги следниве 10 заблуди на кои би требало да почнете да внимавате…

10 заблуди за здравата исхрана на кои мора да почнете да внимавате

1. Масло

Растителните масла, особено маслиновото, многумина ги сметаат за нискокалорични и за подобар избор од животинските масти. Но, 1 грам масло и 1 грам маст имаат иста калориска вредност. Единствено висококвалитетните ладно цедени растителни масла се многу подобар избор за вас поради незаситените масни киселини кои ги содржат во нив.

2. Овошни сокови

Овошните сокови кои можете да ги купите во тетрапак во продавници всушност имаат огромен концентрат овошни сокови врз кои се додадени огромен број шеќери и засладувачи кои се штетни за вас.

3. Ледени чаеви и вода со вкус

Ледениот чај содржи еднаква, а понекогаш и поголема содржина шеќери во својот состав како и овошниот сок. Водата со вкус исто така не е без шеќери и други видови додатоци. Наместо тоа, исцедете лимон или било кое друго овошје во 1 литар вода и ќе добиете одлична и природна вода со вкус. Исто така ако сакате леден чај, подготвувајте го сами во вашиот дом.

4. Агавин и јаворов сируп

Слично како и кај мастите, шеќерот во било кој облик има вредност од 4 калории во еден грам. Овие природни засладувачи имаат иста калориска вредност како и белиот шеќер. Единствената разлика е што поголемиот дел од нив се составени од фруктоза и се посоодветни за дијабетичари.

5. „Здрави“ лебови и печива

Тие се сметаат за „здрави“ бидејќи се темни, но тоа не значи дека содржат доволно хранливи влакна. Вистинскиот интегрален леб има адекватна тежина и конзистенција, како и содржи парчиња од цели зрна житарка и семки. Тој чини повеќе, но е многу повкусен и повеќе заситува од оние кои можете да ги најдете ширум маркетите.

6. Овошен и грчки јогурт

Тие се сметаат за здрав избор, најмногу поради овошјето кое го содржат, но се многу покалорични од обичниот јогурт и содржат до 3 пати повеќе шеќери. Доколку сакате навистина здрав овошен јогурт, тогаш направете го тоа сами во вашиот дом.

7. Енергетски плочки

Дури и оние кои содржат едноставни шеќери брзо го зголемуваат нивото на гликоза во крвта, додека пак некои го зголемуваат дури и количеството на натриум. Соодветна здрава замена за нив се неколку бадеми и лешници во комбинација со темно чоколадо.

8. Житарки за појадок

Во маркетите можете да најдете голем број варијации на „фит“ и „здрави“ житарки со различни додатоци на овошје, јаткасти плодови и коцки чоколадо, но поголемиот дел од нив содржат огромно количество шеќери и многу мало количество белковини. Житарките од цели зрна во комбинација со јогурт се многу помудар избор.

9. Млечни намази

Готовите млечни намази се богати со заситени масти од полномасно млеко. Намазите од посно сирење можат да се направат многу брзо и во домашни услови, а ќе бидат многу поздрави за вас.

10. Диетални производи

Во нив е намалена количината маснотии, но истовремено е зголемена количината на шеќери и белковини. Секогаш читајте ги декларациите на продуктите кај овие производи пред да ги купите, бидејќи кај голем број од нив се намалени хранливите вредности.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар