10 вештини кои им помагаат на интровертите да „преживеат“ во светот на екстровертите

10 вештини кои им помагаат на интровертите да „преживеат“ во светот на екстровертите

Ако сте екстроверт, сигурно ви се има случено другите да ви судат или да сметаат дека сте чудни. Но дали знаевте дека поседувате вештини кои другите не ни ги забележуваат? Иако интровертноста си има свои недостатоци, понекогаш има и некои предности.

10-veshtini-koi-im-pomagaat-na-introvertite-da-prezhiveat-vo-svetot-na-ekstroverti-kafepauza.mk

1. „Невидливост“

Интровертите ја имаат моќта да останат речиси незабележани во голема толпа луѓе. Вие можете да направите што било, а никој да не забележи. Нели е одлично да бидете способни да останете „скриени“ кога имате потреба од тоа?

2. Добро се познаваат

Вистинските интроверти имаат реална слика за себе. На многу луѓе им е тешко да го откријат својот идентитет и многу често се губат во карактерите на нивните пријатели или семејството. Интровертите не го прават ова. Тие се свесни кои се и колку вредат.

3. Тие се искрени

Интровертите секогаш искрено ќе ви кажат зошто не дошле на вашата роденденска забава, но секако и ќе ви се извинат. Најчесто ги избегнуваат местата и настаните со многу луѓе поради социјалниот притисок, но тоа не значи дека не ве ценат. Зарем не е одлично да имате пријател кој е секогаш искрен со вас?

4. Помалку зборуваат

Интровертите не зборуваат многу, а за тоа имаат добра причина. Тие слушаат, собираат информации и знаење и ја чувствуваат атмосферата околу нив. Кога се подготвени да кажат нешто, тие секогаш ги кажуваат вистинските работи, па затоа вреди да ги слушате.

5. Знаат самите да се забавуваат

Екстровертите секогаш бараат нешто за забава, а интровертите пак никогаш немаат план, а си поминуваат подобро. Тие уживаат во гледање филмови или серии, или пак во слушање музика. На интровертите не им е потребен никаков стимул за да се забавуваат, па за нив не е проблем да го поминат викендот дома со некоја книга.

6. Елегантни „излегувања“

Интровертите знаат како елегантно да го напуштат разговорот кога не им се допаѓа. Некои луѓе можат со часови да прават бесмислени разговори, но не и интровертите. Кога не им се допаѓа средината или друштвото, тие секогаш знаат како да си заминат без да навредат некого.

7. Сакаат миленичиња

Дури и кога се на некоја забава, ако интровертите забележат некое милениче веднаш одат да се дружат со него. Тие можат да ја поминат целата вечер со него. На интровертите им е полесно да ги разберат животните од луѓето.

8. Одбивање покани за излегување

Интровертите сакаат да наоѓаат креативни изговори за да не излезат. Иако другите можеби ќе помислат дека се неучтиви или здодевни, едноставно, некои работи не се забавни за интровертите.

9. Тајно се радуваат кога се откажани плановите

Интровертите можеби ќе глумат дека се тажни, но кога ќе им соопштите дека планот за излегување пропаднал, тие се навистина среќни. Иако ги сакаат своите пријатели, излегувањата во гужви не им се пријатни.

10. Набљудување

Интровертите се одлични набљудувачи. Кога екстровертите се обидуваат да се вклопат во новото друштво или пак, се обидуваат да дојдат до центарот на вниманието, интровертите веќе ги знаат следните 5 чекори.

Па, доколку ве критикуваат бидејќи сте интроверт, немојте да се грижите, луѓето едноставно не можат да ве разберат. Како што екстровертите се забавни и се грижат за другите, и интровертите си имаат свои предности. Ценете ги овие луѓе во вашиот живот, бидејќи можеби тие се вашите најверни и најдобри пријатели.

Доколку мислите дека станувате интроверт, погледнете ги знаците кои ќе ви го потврдат тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар