10 трикови кои ќе ви го направат летото поподносливо

10 трикови кои ќе ви го направат летото поподносливо

Погледнете ги наредниве трикови со кои ќе ги воодушевите вашите пријатели и истовремено ќе си го направите летото многу полесно и поподносливо.

10 трикови кои ќе ви го направат летото поподносливо

1. Следниот пат кога ќе јадете огромен сендвич, направете една мала промена. Бидејќи тој најчесто е преполн, многу брзо почнува да се распаѓа. Затоа, свртете го сендвичот наопаку. Горното лепче е поиздржливо од долното и на тој начин сендвичот нема толку лесно да ви се распадне.

2. Дали сте забележале дека кога ќе ставите цевка во лименка со газиран пијалак, таа не сака да остане таму? Превртете го отворачот на лименката над отворот за пиење и вметнете ја цевката низ него. На овој начин таа ќе остане онака како што вие сакате.

3. Обожаватели сте на манго? Обидете се со следниов трик. Најпрво исечете го мангото на три дела. Земете едно парче и со нож направете вертикални и хоризонтални линии во внатрешноста, така што ќе добиете изглед на шаховска табла. Потоа земете го со двете раце и полека притиснете одоздола. Коцкастите делови веднаш ќе излезат нагоре. На овој начин ќе можете многу лесно да го јадете мангото и без да ви се заглавуваат делови меѓу забите.

4. Ако имате проблеми со мравките и барате природен начин да се справите со нив, можете да се обидете на следниов трик. Земете една чашка неподготвени пуканки и ставете ги во блендер на највисока брзина на околу 30-тина секунди. Со прашокот од пуканките направете неколку купчиња околу патеките со мравки и за неколку дена вашиот проблем едноставно ќе исчезне.

5. Нареден пат кога ќе бидете на забава, импресионирајте ги вашите пријатели така што кесите со чипс ќе ги претворите во интересни садови. Прво превиткајте го горниот дел од кесата, а потоа почнете да го превиткувате и долниот дел сè додека чипсот не излезе над кесата.

6. Како да се справите со досадните мушички? Исечкајте една банана и измешајте ја во неколку мали садови со остатоците од кората на мангото. Поставете пластична обвивка над нив и направете едно мало дупче на средината. После неколку дена ќе забележите дека мувите си прават своја „овошна журка“ и вие слободно ќе можете да се наречете лорд на мушичките. 🙂

7. Нема лето без сладолед на стапче, а тоа значи и лепливи прсти. За да го спречите ова, земете една хартиена чаша и внимателно направете дупка на дното, не поголема од стапчето на сладоледот. Потоа протнете го стапчето низ неа и ќе добиете инстант заштита за вашите прсти.

8. Сигурно кога сте правеле скара со пријателите сте забележале дека сосовите и салатите зафаќаат поголем дел од масата и се прават огромни редици за да се дојде до нив. Можете многу лесно да го решите овој проблем со помош на калап за мафини. На овој начин ќе добиете повеќе слободен простор на масата и помалку гужва околу неа.

9. Кога сте на плажа, намалете ја шансата да ви ги украдат вредните работи со помош на вашиот шампон. Извадете го целосно капакот и направете мала дупка на почетокот на шишето, доволно голема за да може да ги собере мобилниот, парите и останатите работи кои сакате да ги заштитите. Потоа вратете го капакот назад. Секој кој ќе го види ова ќе помисли дека е само шише од шампон и големи се шансите дека никој нема да сака да ви го украде.

10. Кога имате потреба од разладување, топлата вода може да има многу лош вкус. Наполнете го шишето со малку вода, така што кога ќе го легнете грлото да му биде слободно. Потоа ставете го шишето во замрзнувач и продолжете со вашите секојдневни обврски. Кога водата ќе замрзне, таа ќе направи ледено дно на шишето и нема да го блокира излезот. Наполнете го шишето со вашиот омилен пијалак и ќе добиете инстант ледено освежување.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Елена Reply

    Деветтата идеја ми се допаѓа многу. Обавезно ќе ја применам :))

  2. Sofi4 Reply

    Sega koga veke site procitaa,ke pocnat i “samponi” da se kradat 😀 😛

    • Кафе пауза Reply

      Ова за во странство, кај што не знаат македонски 😀

Остави коментар