10 тајни стравови на мажите

Постои стереотип дека мажите немаат никакви стравови. Но, сепак и тие се луѓе и постојат работи за кои се несигурни и за кои им е страв. Ова се најчестите стравови кои се појавуваат кај дури 90% од мажите.

1. Изгледот на нивното тело

(1)10-tajni-stravovi-na-mazhite-kafepauza.mk

Уште од рана возраст девојките се опседнати со изгледот на своето тело. Многу од нив мислат дека треба постојано да вежбаат и да внимаваат на исхраната. Овие стереотипи не важат за мажите, но тоа не значи дека тие не се несигурни за својот изглед. Зошто инаку би поминувале толку време во теретана?

2. Пари

(2)10-tajni-stravovi-na-mazhite-kafepauza.mk

Парите се можеби најголемата грижа на мажите. Сè уште е присутно верувањето дека мажот е тој кој треба финансиски да го издржува семејството. Дури и ако немаат девојка, мажите се грижат за својата финансиска состојба бидејќи сметаат дека најважното нешто во врските се парите. Сепак, за жените е многу поважна грижата и вниманието. Ако некоја девојка ја интересира само вашата финансиска состојба, тогаш таа не е добра за вас.

3. Висина

(3)10-tajni-stravovi-na-mazhite-kafepauza.mk

Една од одликите на „идеалниот маж“ е тоа да биде висок, па нормално дека мажите се грижат за својата висина. Тие сметаат дека ако се пониски имаат помали шанси со девојките. Вистината е дека висината многу ретко им е важна да жените.

4. Другите мажи може да бидат закана

(4)10-tajni-stravovi-na-mazhite-kafepauza.mk

Љубомората на мажите не е толку очигледна, но сепак ја повредува нивната самодоверба. Вашиот партнер можеби нема да покаже знаци на љубомора кога му кажувате за шегите на вашиот колега. Но, тој сигурно многу се грижи, па дури и се споредува со потенцијалниот соперник. За да му помогнете, убаво објаснете му дека не постои никаква закана.

5. Малку искуство со врски

(5)10-tajni-stravovi-na-mazhite-kafepauza.mk

Многу мажи се обидуваат да изгледаат искусно, па дури и лажат за бројот на бивши девојки. Тие се плашат од грешка исто колку и жените. Поддршката и искреноста за сите работи во врската ќе ја зголеми вашата самодоверба.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар