10 сурови вистини за љубовта кои треба да ги прифатите

10 сурови вистини за љубовта кои треба да ги прифатите

Љубовта не се состои само од зборовите „Те сакам“. Таа се состои од многу посуштински вредности како што се посветеноста, почитта и разбирањето. Љубов е кога ќе се поврзете со некого на емоционално, физичко и духовно ниво. Партнерите мора постојано да вложуваат во врската. Сепак, понекогаш љубовта не е онаква каква што сме си ја замислувале. Понекогаш таа не е волшебна и прекрасна, туку сурова и болна. Ова се 10-те брутални вистини за љубовта кои треба да ги прифатите за да пронајдете среќа…

10 сурови вистини за љубовта кои треба да ги прифатите

1. Не постојат добри и лоши партнери, туку сѐ зависи од тоа колку си одговарате

Можеби сте малку површни во љубовта и секогаш бирате партнер кој физички ве привлекува, наместо да одберете некој кој навистина ви одговара. Токму затоа секогаш завршувате со погрешниот. Понекогаш, дури и да сте со најдобриот човек во светот, врската можеби нема да успее и тоа е сосема во ред. Не треба да се обвинувате ниту себеси ниту партнерот. Не постојат правила. Понекогаш патиштата се разидуваат без особена причина и мора да ја прифатите таа можност.

2. Доколку се јави некаков проблем во врската, најпрво треба да тргнете од себеси

Доколку не сте среќни во врската, најлесно е да го обвините партнерот, но тоа не е вистинското решение. На тој начин нема да ги поправите работите, бидејќи не сте побарале каде лежи коренот на проблемот. Треба да преземете одговорност за она што ви се случува. Само на тој начин ќе ја зачувате врската и хармоничниот однос со партнерот.

3. Во долгите, сериозни врски никогаш нема да бидете сигурни дали навистина сте вљубени во партнерот или станува збор за навика

Веќе неколку години сте заедно и сте се зближиле толку многу што сте почнале да се однесувате повеќе како другари отколку како љубовници. Страста многу лесно исчезнува од долгите врски и поради тоа ќе ви биде тешко да одредите дали се чувствувате исто како на почетокот.

4. Никогаш нема да успеете да останете пријатели со поранешниот партнер по раскинувањето

Можеби ќе успеете да го одржите пријателскиот однос некое време, но тоа ќе трае сѐ додека на еден од вас не му се вратат старите чувства или пак не започне нова врска. Ретко кој човек ќе прифати неговата сакана личност да се дружи со поранешното момче или девојка. Можеби и ќе најдете некој кој ќе биде генерално толерантен, но несомнено е дека вашиот поранешен партнер ќе биде најчестиот повод за сите караници и несогласувања во новата врска.

5. Нема секогаш да го одобрувате изборот на вашиот партнер

Сепак, најважно е дали можете да го прифатите неговиот избор, а не дали го одобрувате. Не избрзувајте со донесувањето одлуки, бидејќи можеби ќе направите нешто поради што подоцна ќе се покаете. Во љубовните врски никогаш не оди сѐ како „подмачкано“. Ќе има и добри и лоши периоди, кои ќе ги надминете само доколку ги здружите силите и функционирате како тим.

10 сурови вистини за љубовта кои треба да ги прифатите

6. Не постои еднаквост во врските

За жал, љубовта на еден од партнерите секогаш ќе биде посилна од љубовта на другиот. Тоа значи дека за главните одлуки во врската ќе биде задолжен оној кој не е толку посветен на истата. По некое време, љубовта може сосема да исчезне и да доведе до раскинување. Иако во моментот ќе ви се чини како да е крај на светот, животот продолжува понатаму.

7. Не постои совршена врска без разлика колку се трудите

Вашата врска никогаш нема да биде совршена, бидејќи совршенство не постои. Треба да ги намалите вашите очекувања дека ќе одите на романтични вечери секоја ноќ и дека секое утро ќе се будите со појадок во кревет, бидејќи таквите нешта се случуваат само на филм. За да ја одржите вашата врска, треба малку да ги смирите страстите и да се обидете да го разберете партнерот. Секогаш ќе постои причина за нова караница, но доколку користите аргументи наместо навредливи зборови, вашата врска ќе успее.

8. Среќните врски не се градат преку ноќ

Многумина мислат дека среќата доаѓа природно во љубовните врски, но тоа не е вистина. И двете страни треба постојано да вложуваат многу труд за да бидат среќни заедно. Борете се против неизбежната монотонија што им се случува и на најдобрите, простете си ги грешките од минатото и секогаш давајте си неизмерна поддршка и почит.

9. Вложениот труд не гарантира успех

Можеби ќе дадете сѐ од себе за да успее врската, но сепак резултатите ќе ве разочараат. За жал, успехот не зависи само од вас, туку потребно е и вашиот партнер да се труди исто толку колку и вие. Љубовта е двонасочна улица и доколку не постои подеднаква размена на љубов и грижа, врската е осудена на пропаст.

10. Понекогаш нема да бидете задоволни и тоа е сосема нормално

Романтичните вечери и излегувања се супер, но понекогаш удобноста е најважна. Гледањето телевизија по пижами заедно со партнерот може да биде поромантично од сѐ друго. Можеби во моментот ќе се нервирате што се претворате во еден од оние здодевни парови кои никогаш не излегуваат, но подоцна ќе сфатите дека тоа е само доказ за вашата блискост и интимност. Вашата врска ќе стане поцврста благодарение на тешките периоди и препреки со кои ќе се соочите.

Факт е дека магичните зборови „Те сакам“ паѓаат во вода, доколку не сте ги потврдиле со дела. Точно е тоа дека ризикувате вашите чувства и его да бидат повредени во врската, но не плашете се да ја покажете вашата љубов и ранливост. Не заборавајте дека делата секогаш зборуваат погласно од зборовите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар